Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини

Регионалната соработка во земјоделството ќе се вреднува според конкретните промени и можности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионалната соработка во земјоделството ќе се вреднува според конкретните промени и можности што ги создава за земјоделците преку обезбедување посилни и подостапни пазари, поголема отпорност на климатските ризици и услови младите да ја градат својата иднина во руралните средини, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во своето обраќање на 20. годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што се одржува во Белград.

Министерството информира дека Серафимовски во своето обраќање нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на државата, а земјоделските политики се усогласуваат со Заедничката земјоделска политика на ЕУ паралелно со зајакнувањето на институциите задолжени за нивно спроведување.

Како значаен дел од реформскиот процес, министерот Серафимовски го издвои Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој воспоставува системска рамка за организирање на производителите, пазарни стандарди, училишни шеми, пазарни информации и мерки за справување со големите нарушувања на пазарот.

Реклама

-Треба да се фокусираме подобро да го искористиме постојниот пристап до пазарот на ЕУ, преку поддршка на производителите во исполнувањето на европските барања, подобрување на сертификацијата и дигиталната документација, зајакнување на транспортот, складирањето и ладните синџири, како и намалување на непотребните задржувања на лесно расипливите производи на границите, порача министерот Серафимовски.

Тој оцени дека реформите, заедно со инвестициската поддршка преку ИПАРД, ќе ја зајакнат позицијата на производителите во синџирот на снабдување со храна и ќе им помогнат на земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси да се модернизираат и да ги исполнат европските стандарди. 

-Сушите, високите температури, поплавите и шумските пожари ги загрозуваат производството, достапноста на водата, шумите и руралните заедници. Во Северна Македонија оваа рамка ја претвораме во практични совети за почвата, водата, наводнувањето и производството, за земјоделците да можат да носат одлуки и да инвестираат во согласност со локалните ризици, нагласи  Серафимовски.

Осврнувајќи се на Приштинската агенда 2026 и Берлинскиот процес, министерот посочи дека регионалната соработка треба да се развива во насока на претворање на плановите за климатска адаптација во мерки што институциите ќе можат да ги спроведуваат и следат, како и за поддршка на генерациската обнова во руралните средини. Тој потенцираше дека на младите земјоделци и руралните претприемачи, покрај финансиската поддршка, потребен им е олеснет пристап до земјиште и кредити, соодветни знаења и вештини, дигитални услуги и реален пристап до пазарите.

-Постојаната работна група за регионален рурален развој има значајна улога во претворањето на овие приоритети во конкретни активности, преку поврзување на министерствата, експертите и партнерите. Фокусирана работна програма, со јасно определени институции, практични резултати и редовно известување на министрите ќе им овозможи и на нашите партнери да ја насочат поддршката кон активности што самите како држави сме ги избрале и сме подготвени да ги спроведеме, рече министерот Серафимовски.

Како што информира МЗШВ, тој во своето обраќање заклучи дека вредноста на заедничките одлуки ќе се потврди преку конкретни резултати за земјоделците кои ќе овозможат посигурно инвестирање и побрз пристап до пазарите, како и поголема отпорност на климатските ризици и реална перспектива за следната генерација во земјоделството.

-Дваесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа се одржува под заедничко покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG. На настанот учествуваат министри и шефови на делегации од регионот, претставници на ЕУ, меѓународни организации и донаторската заедница. Агендата на настанот ги опфаќа Заедничката земјоделска политика на ЕУ, ИПАРД, европската интеграција, стратешките партнерства, климатските промени и ризиците од пожари на Западен Балкан, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.