Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола доби финансиска поддршка од АФПЗРР

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола доби директна финансиска поддршка од Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола доби директна финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Договорот за меѓусебна соработка, користење на финансиските средства и инвестиции од значање за заштитата, унапредувањето и одржливиот развој на националниот парк го потпишаа Даниела Иротова Лазарева, директорка на АФПЗ и Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“.

-Оваа поддршка доаѓа во клучен момент и е основа за отпочнување со реализација на крупни проекти кои ќе трасираат еден сосема нов правец во развојот на НП Пелистер. Финансиските средства ќе се користат за заштита и унапредување на природните вредности и биодиверзитетот, мониторинг на видови и живеалишта, превенција и заштита од шумски пожари, одржување и унапредување на зелената инфраструктура, уредување и одржување на патеки и пристапни инфраструктурни објекти и еколошка едукација и подигнување на јавната свест, потврди Тошевски, по потшишувањето на договорот со АФПЗРР.

Реклама

ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола во наредниот период ќе изврши и санација и реконструкција на објекти предвидени со плановите и програмите на установата, како и други активности од значење за заштитата и одржливото управување со Националниот парк.