Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Започнаа градежните работи за реконструкција на кровот на градинката „7 Септември“ во Пехчево

Во Пехчево официјално започнаа градежните работи за реконструкција на кровот на Општинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пехчево официјално започнаа градежните работи за реконструкција на кровот на Општинската јавна установа Детска градинка  „7 Септември“ – Пехчево, со што започнува реализацијата на уште еден значаен проект насочен кон подобрување на условите во објектите за најмладите. Градежните активности се реализираат во рамки на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)”, финансиран од Бирото за регионален развој и Општина Пехчево, преку Источниот плански регион.

На почетокот на градежните работи, градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, истакна дека станува збор за реализација на уште еден важен проект за Општина Пехчево.

-Инвестициите во објектите каде што престојуваат и се воспитуваат нашите најмлади се инвестиции во иднината на Пехчево. Нашата цел е да обезбедиме безбедни, современи и квалитетни услови за децата и вработените, а со реализацијата на овој проект правиме уште еден конкретен чекор во таа насока. Продолжуваме посветено со реализација на проекти кои носат видливи подобрувања и директна корист за граѓаните, истакна Китански.

Реклама

Со реконструкцијата на кровот според него ќе се подобри заштитата и функционалноста на објектот, ќе се создадат подобри услови за престој на децата и ќе се придонесе кон унапредување на енергетската ефикасност на установата.

Општина Пехчево, како што најави, продолжува со реализација на проекти во насока на подобрување на јавната инфраструктура, енергетската ефикасност и создавање безбедни и современи услови за воспитување и образование на најмладите.