Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Со теренски посети Црвениот крст од Гевгелија им ја приближува новата услуга за активно стареење на своите сограѓани

Преку теренска акција на градскиот пазар во Гевгелија, Општинската организација на Црвениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку теренска акција на градскиот пазар во Гевгелија, Општинската организација на Црвениот крст деновиве ги информираше гевгеличани за новата услуга во нивната општина со која на лицата постари од 65 години, со соодветно пријавување им се овозможува користење на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење. Од Црвениот крст од Гевгелија, велат дека целта е заедно со стручниот тим на Центарот и со дел од корисниците да им овозможат на граѓаните и потенцијалните корисници подобро да се запознааат со можностите кои ги нуди услугата.

Новоотворениот Центар е наменет за дневен престој, социјализација, активности, дружење и поддршка на старите лица, а во рамки на центарот се обезбедуваат разговор и поддршка, различни рекреативни, културни и едукативни активности, како и можности за активно учество и одржување на социјалните контакти, објаснува Лазар Мешков, секретар на Општинската организација на Црвениот крст Гевгелија.

Овој простор наменет за старите лица официјално почна со работа пред еден месец, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, поддржан од Светска Банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Реклама

– Услугата е наменета пред сè за стари лица над 65 годишна возраст кои живеат сами или со својот брачен партнер, и кои имаат потреба од дневен престој и социјална поддршка, а притоа можат самостојно или со соодветна поддршка да го користат Центарот. Заинтересираните лица со копија од лична карта и извод од матичната книга на родените можат да поднесат барање за користење на услугата, по што се спроведува постапката за проценка и утврдување на исполнетоста на условите од страна на надлежниот Центар за социјална работа, вели Мешков.

Според информациите од општинскиот Црвен крст, уште од самиот почеток има интерес од страна на повозрасните граѓани и нивните семејства, што, според нив, покажува дека ваквата услуга била потребна во локалната заедница. Во моментов Центарот опслужува 7 корисници со издадено решение, а поднесени се повеќе од 15 барања за издавање на решение и одобрение за користење на услугата. 

– Очекуваме бројот постепено да се зголемува како што граѓаните дополнително ќе се информираат за можностите што ги нуди Центарот. Инаку, првичните реакции се позитивни. На корисниците особено им значи што имаат место каде што можат да се дружат, да разговараат, да учествуваат во активности и едноставно да не го поминуваат целиот ден сами дома. За нивната поддршка и реализацијата на активностите се грижи тимот ангажиран во Центарот составен од стручни лица, координатор и асистент на координаторот, кои имаат задача да создадат пријатна, безбедна и стимулативна средина за корисниците. Секако, многу важна е и соработката со институциите и организациите од локалната заедница, смета Мешков.

Во меѓувреме, додава тој, се настојува информацијата да стигне до што поголем број граѓани, не само до потенцијалните корисници, туку и до нивните деца, роднини и блиски, бидејќи токму тие почесто препознаваат дека на едно повозрасно лице му е потребна поголема социјална поддршка и дневна активност.

Освен редовната работа на Центарот, Општинската организација на Црвен крст во Гевгелија во пресрет на 1 Октомври, меѓународниот ден на старите лица, подготвува повеќе активности, вели Мешков.

– Една од нив е меѓугенерациската средба и спој меѓу младите и старите, која ни е особено важна. Идејата е двете генерации да се сретнат, да разговараат и да споделат искуства, повозрасните да им пренесат на младите дел од своето знаење и животно искуство, а младите, од друга страна, да им покажат нешто од современиот начин на живот, технологијата и своите интереси. Значи, не е само дружење, туку и можност едните од другите да научат нешто. Имаме предвидено и активности за ракотворби и цртање, каде што корисниците ќе можат да ги покажат своите вештини, да создаваат и да поминат време заедно, додава секретарот на гевгелискиот Црвен крст.

Неретко, вели тој, знаат да направат и вистинско изненадување за некој од своите корисници, како на пример да се донесе роденденска торта за највозрасниот од лицата корисници на Центарот, и да се прослави роденденот заедно со сите, бидејќи, како што вели, крајната цел е токму тоа – да се поттикне повеќе дружење, активност, учество и можности за поврзување со другите генерации.