Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Мицкоски: Инфлацијата е под контрола и под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

– Очекуваме до крајот на годината да бидеме покуси за 6-7 милијарди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Очекуваме до крајот на годината да бидеме покуси за 6-7 милијарди од она што сме го планирале и затоа е можно дотогаш да имаме уште еден ребаланс на буџетот – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, Мицкоски уште еднаш напомена дека инфлацијата во Македонија е под контрола.

– Не би рекол дека кај нас инфлацијата има голем замав, два месеци по ред е условно кажано контролирана и е под европскиот просек. Ќе видиме како ќе биде во септември. Сè што е од 2 до 3 отсто е во рамките на очекуваното. Сериозен предизвик е неизвесноста во врска со испораката на нафтата и нафтените деривати во светот, цените на берзите и мерките што ги имплементираме како Влада за да го одржиме ниско нивото на цените на горивата, најниско во Европа, и тоа ќе нè чини како буџет само врз основа на акцизата речиси пет милијарди денари, а поради намаленото ДДВ, и уште некоја милијарда повеќе. Затоа се разгледува можноста за уште еден ребаланс, но наш приоритет е да го задржиме стандардот на граѓаните, да се контролира ниското ниво на инфлација и да ја задржиме најниската цена на горивата не само во регинот туку и во Европа. Очекуваме до крајот на годината да бидеме покуси за 6-7 милијарди од она што сме го планирале и затоа е можно дотогаш да имаме уште еден ребаланс на буџетот – истакна Мицкоски.