Почитувани медиуми, почитувани сограѓани, И покрај наследените обврски, успеавме да ги стабилизираме работите и чекор по чекор да создадеме услови за реализација на конкретни проекти. Во продолжение Ви ги презентирам проектите кои се реализирани и оние кои се во тек, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Наталија Димитриева, градоначалник на Општина Демир Капија.
Проекти кои се реализирани:
Изградба на атмосферска канализација на улица Маршал Тито во Демир Капија, проект финансиран од Владина Програма АА – Вредност на проектот: 3.964.837 ден. – Градежните работи се завршени
Санација на улици во с.Корешница, санации на премин преу Судоволица во с. Корешница, чистење на отворени канали за наводнување и одводнување на улица Орце Николов во Демир Капија, чистење на отворени канали за наводнување и одводнување на улица Маршал Тито во Демир Капија.
Реконструкција на дел од водоводната мрежа во с.Клисура, реконструкција на фудбалско игралиште во Демир Капија – 2 Фаза , проект финансиран од Владина Програма AA-Вредност на проектот: 12.865.292 ден. со кофинансирање од Буџет на Општина Демир Капија во износ од 3.500.000 ден.
Изградба на електрични инсталации за улично осветлување-дел од улица 11-ти Октомври во Демир Капија, проект финансиран од Владина Програма АА – Вредност на проектот: 1.380.788 ден.
Исто така имаме изградба на електрични инсталации за улично осветлување во општина Демир Капија -дел од улица Гоце Делчев, проект финансиран од Владина Програма АА – Вредност на проектот: 298.562 ден.
Изградба на електрични инсталации за улично осветлување од дел на ул. Партизанска во Демир Капија, проект финансиран од Владина Програма АА-Вредност на проектот: 3.107.176 ден.
Изградба на електрични инсталации за улично осветлување дел од ул. Илинденска во општина Демир Капија, проект финансиран од Владина Програма АА – Вредност на проектот: 1.548.573 ден.
Изградба на ул бр. 10 од урбанистички план за с.Дрен, проект финансиран од Министерство за транспорт, Вредност на проектот: 2.500.000 ден.
Реализиравме проект за општокорисна работа – Работно ангажирање на невработени лица кои се стекнуваат со вештини и работно искуство со што во иднина ќе можат полесно да се вклучат во пазарот на трудот.
Исто така и проект јавни работи, преку овој проект се ангажираат невработени лица за вршење на јавни и сезонски работи.
Потоа, проект реконструкција на полски патишта. Полесен пристап на земјоделците до нивните обработливи површини.
Проект поддршка за првачиња, ранец и училишен прибор за секое прваче.
Проект поддршка за нашите ученици, униформи за сите ученици од прво до деветто одделение – со што ќе се поттикнува чувството на припадност, еднаквост и заедништво – Општина Демир Капија за нашите деца, за нашата иднина.
Проект бежичен интернет во центарот на општина Демир Капија, проект парична помош за новороденче, еднократна парична помош за новороденчиња во износ од 7.000 денари. Проект кофинансиран од Буџет на Општина Демир Капија, 15.000 денари во случај кога мајката ќе роди повеќе деца (близнаци, тројка, итн.)
Ослободување од надоместок за ранливи категории, и тоа деца со пречки во развој, самохрани родители и семејства со три деца запишани во градинка, се ослободени од плаќање на надоместок во градинка.
Парична помош за прв склучен брак, еднократна парична помош од 20.000 денари за младите што склучуваат прв брак.
Стипендии за студенти и стипендии за средношколци, еднократна парична помош за еднородителски сеејства и семејства на самохрани родители од 10.000 денари.
Еднократна парична помош на пензионери, корисници на семејна пензија, еднократна парична помош во вредност од 6.000 денари.
Субвенционирање на цената на водата. Општина Демир Капија обезбедува 10% намалување на цената на водата на сите домаќинства. Оваа мерка е донесена од јавен интерес, со цел директно да им се помогне на граѓаните и да придонесе за намалување на трошоците на секое семејство.
Проекти кои се во тек на реализација:
Доизградба на кујна за исхрана во склоп на ООУ„Димче Ангелов Габерот“ во Демир Капија, III фаза, проект финансиран од Министерство за образование и наука, во вредност од 3.410.177 ден.
Доизградба на кујна и ресторан за исхрана во склоп на ООУ„Димче Ангелов Габерот“ во Демир Капија, IV фаза. проект финансиран од Владина Програма АА во вредност од 5.000.000 ден.
Уредување на спортски терени – Отворено игралиште за тенис во Демир Капија, проект финансиран од Владина Програма АА- Вредност на проектот околу 3 милиони денари.
Реконструкција на улица 8 Март во Демир Капија, проект финансиран преку Центарот за вардарски плански регион – Велес, Вредност на проектот околу два и пол милиони денари.
Санација на дел од фекална канализација во с.Чифлик – Демир Капија (премин преку река Бошава), проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија, вредност на проектот 116.820 ден.
Рехабилитација на улици и крпење на ударни дупки во општина Демир Капија, проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија, Вредност на проектот 837.092 ден.
Извршување на градежни, ѕидарски и бетонски работи, проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија, вредност на проектот 298.450,00 ден.
Хоризонтално и вертикално сообраќајно обележување на локална патна мрежа, проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија, вредност на проектот 265.500 ден.
Уредување на просторот наменет за автобуска постојка во Демир Капија, исто така проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија.
Уредување на просторот наменет за автобуска постојка во с.Корешница, и овој проект е финансиран од Буџет на општина Демир Капија.
Уредување на просторот наменет за автобуска постојка во с.Бистренци, проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија.
Уредување поставување на нови реквизити и изработка на нова подлога на постоечкиот простор за играње на деца на плоштадот на општина Демир Капија, проект финансиран од Буџет на општина Демир Капија преку донација од Калтун енержи ДОО Скопје, вредност на проектот 461.000 ден.
Адаптација на зграда во Демир Капија и уредување на инклузивна соба во рамките на основното училиште во Демир Капија, наменета за децата со попреченост. Проект кофинансиран од Буџет на општина Демир Капија, во вредност од околу 282.000 ден.
Продолжуваме со подобрување на патната инфраструктура, инвестиции во спортот, уредување на јавните површини, подобри услови за нашите деца и поддршка за нашите населени места. Она што го започнавме ќе го продолжиме, затоа што Демир Капија заслужува општина која не се жали на проблеми, туку ги решава. Нашата обврска е пред граѓаните, а најдобар отчет за нашата работа се резултатите што остануваат зад нас.

