Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во „Македониумот“

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина – изјави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево. 

На прес-конференција во владиниот прес-центар министерот Сулејмани посочи дека за овој проблем Министерството е во процес на собирање информации.

– Јас како министер за култура и туризам, односно ние како Министерство сме надлежни да ги браниме сите артисти и сите културни работници. Пред себе имаме еден случај кој навистина е чувствителен, но ќе видиме со правните служби како ќе може понатаму или со некоја законска измена да дејствуваме, бидејќи во овој момент има законско право за изнајмување, но директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти, треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Проблемот е нов, снимано е порано, а јас сè уште немам детални информации и сме во процес за да го решиме проблемот. Ќе обезбедам дополнителни информации и ќе видиме што понатаму – одговори министерот Сулејмани на новинарско прашање за снимањето на спот во крушевскиот „Македониум“.

Реклама

„Македониумот“, кој е заштитено културно наследство на државата, за сума од 500 евра бил отстапен на продукцијата на косовскиот рапер Дон Џони за снимање делови од спотот за неговата песна „Секси мама“.