Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Петровец се градат културен дом и детска градинка, асфалтирани улици во Ржаничино, Огњанци, Катланово, ново спортско игралиште во Долно Коњари

Општина Петровец продолжува забрзано да се развива, така што во изминатата година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Петровец продолжува забрзано да се развива, така што во изминатата година се реализираа низа инфраструктурни, комунални, социјални и спортски проекти во повеќе населени места, кои значително го подобруваат животот на граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Со цел подобрување и решавање на проблемите со водоснабдувањето во населените места Сушица, Горно Коњари, Катланово, Блаце, Кожле, Тотинци и Брезица се изврши бушење на нови бушотини за водоснабдување, додека во Средно Коњари се поплочени улици со бекатон плочки и е поставена канализациона мрежа, а во Долно Коњари е изградено ново повеќенаменско спортско игралиште. 

Во новата населба Блок 6, во Ржаничино асфалтирани се четири улици со претходно изградена канализациона и атмосферска мрежа, улично осветлување, тротоари и две улици со павер елементи, а во Огњанци се асфалтираа две улици и паралелно се работи на канализационата мрежа, при што околу 90 проценти од населеното место е опфатено со канализација. 

Реклама

Улици се асфалтираа и во населените места Петровец, Катланово, Катлановска Бања, во Градманци се изгради улица со павер елементи, а со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, изработен е сообраќаен проект за Петровец и Ржаничино, одобрен од СВР Скопје, по што е поставена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. 

Посебен акцент се стави на образованието, така што за сите ученици се обезбедија работни униформи, а во ООУ „Братство и единство“ се реконструираше плафонот, се поставија нови електрични светилки и се изврши докомплетирање на помошните простории на спортската сала, додека во соработка со Фудбалската федерација на Македонија реконструирани се фудбалските терени во Петровец, Ржаничино, Долно Коњари и Средно Коњари.

Изминатата година реализирани се и повеќе мерки за поддршка на граѓаните, така што на пензионерите со пензија до 23.000 денари им се доделени по 2.500 денари, за секое прваче се обезбедени по 4.000 денари, а лицата со попреченост добија по 20.000 денари, додека за социјално загрозени семејства се обезбедени повеќе од 230 хуманитарни пакети по повод Велигден и Рамазан Бајрам. 

Од друга страна, со цел подобрување на комуналните услуги, општината набави и два камиони за собирање смет, со што се создаваат услови за поефикасно одржување на јавната чистота. 

Паралелно со завршените проекти продолжува работата на оние кои се во тек, така што во завршна фаза е асфалтирањето на патот Дивље – Средно Коњари во должина од 6.630 метри, во тек се и активностите поврзани со изградбата на културниот дом и новата детска градинка во училишниот двор на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец. 

Дополнително, завршена е изградбата на нов парк во училишниот двор на ООУ „Кочо Рацин“, изградени се три теретани на отворено во Петровец, Ржаничино и Катланово, а во дворот на градинката „Авионче“ е уреден детски забавен парк. 

По барање на жителите од улица 1 во Петровец е извршена санација на мостот кој обезбедува пристап до нивните домови, а се изврши и чистење на дивите депонии во Огњанци и Петровец. 

Фокусот на Општина Петровец останува реализацијата на конкретни проекти и решавање на инфраструктурните и комуналните потреби на граѓаните, со крајна цел рамномерен развој на целата општина и подобри услови за живот.