Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Комеморација за Сашо Миленковски: Беше мајстор од апсурдноста да направи смисла, алхемичар кој режира со ласерска прецизност

Алхемичар. Режира со ласерска прецизност. Им даваше слобода на артистите, без да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алхемичар. Режира со ласерска прецизност. Им даваше слобода на артистите, без да ги ограничува сè до последната етапа од подготовката на претставата кога ги затегаше уздите, беше мајстор од апсурдноста на светот да направи смисла. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет, стана еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Неговото дело ќе остане траен дел од македонската култура и ќе продолжи да сведочи за моќта на театарската уметност – беше речено на денешната комеморација за Сашо Миленковски, која се одржа во Драмскиот театар.

На Миленковски почит му оддадоа негови колеги, актери, музичари, театролози… Беше испратен со долг аплауз од сите присутни, со проекции на слајдови и исечоци од неговите претстави и со музика на Rage Against The Machine, Muse, Fatboy Slim… Ќерките Хана и Сара, кои последни се качија на сцената и зборуваа многу кусо, истакнаа дека татко им не сакал патетики. Споделија и дека ги научил да бидат љубопитни, но и да не почитуваат авторитети, да имаат храброст и да не прават компромис кога станува збор за творештвото.

Сашо Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери, кои на почетокот на 90-тите години внесоа нова естетика, суверен театарски јазик и силен творечки импулс во македонската театарска уметност. Тој беше и драмски автор. Освен богатиот режисерски опус, зад себе ги остави и текстовите: „Коледе“, Game Over, Deus Ex Machina и „Јован не е американски филм“, кои ги реализира како авторски сценски проекти. Неговото творештво се прошири и на филмот, каде што работеше на документарните и играните филмови: „Мајка Тереза“, „Голем град“, „Љубинко и Десанка“ и „Преспа“.

Реклама

– Сашо беше еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци. Својата професионална кариера ја почна уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје како дел од легендарниот мултинационален театарски проект „Тапа гета“ во Суботица, каде што ги постави претставите „Госпоѓица Јулија“, „Ранети јагнета“ и „Злосторство и казна“, со што уште во раните години се етаблира како режисер со автентичен сценски израз. Во текот на речиси четири децении творечка работа реализира повеќе од 50 режии на сцените во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и пошироко работејќи еднакво успешно и на класичниот и на современиот драмски репертоар – рече актерката Сања Арсовска.

Со еднаква убедливост, додаде, ги поставуваше делата на класичните автори, како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, но и современата драмска литература, оставајќи особено значаен придонес во афирмацијата на македонската драматургија.

Како што истакна Арсовска, праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, во Народниот театар во Битола во 1992 година, е едно од најважните сценски остварувања во поновата историја на македонскиот театар. Претставата освои четири награди на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

– Заедно со неговата режија на „Буре барут“ во 1994 година, Миленковски даде клучен придонес за афирмација на драмското творештво на Дејан Дуковски. Во неговото богато творештво особено место заземаат режиите на драмите на Горан Стефановски: „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“, како и претставите „Кандид во земјата на чудата“, „Кинеконда во Карлоленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, реализирани во Драмскиот театар – Скопје. Во 1999 година Миленковски го основа независниот театар „Бабуна“, а од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар. Од 2010 година беше драматург во Драмскиот театар, каде што активно придонесуваше во обликувањето на современиот репертоар со своето знаење, искуство и висок професионализам оставајќи неизбришлива трага во работата на театарот – посочи Арсовска. 

Според неа, присуството и творечката енергија на Миленковски ќе останат трајно дел од меморијата на Драмскиот театар.

– Сашо беше прекрасен човек. Неверојатно многу ги сакаше глумците како ретко кој режисер. Откриваше нови, талентирани режисери и глумци. Ги откри Синиша Евтимов, Бојан Трифуновски, Наташа Поплавска… И им даде ветар во грбот кога најмалку и најтешко беше во 90-тите години да се пробие млад човек на сцена. Тој им даде шанса. Тоа треба да се запамти и да се повторува. Ми недостигаат неговите паузи. Кога разговаравме, паузите најмногу ни значеа оти размислувавме, бевме тука присутни. Беше практичен човек, а од друга страна – генијален. Ќе ми недостига неговиот извонреден дух. Сакаше кратки говори, не поднесуваше комеморации. Извини Сашо, моравме денеска – нагласи актерката Весна Петрушевска.

Неговите колеги го опишаа како редок вид кој изумира во денешната цивилизација, како сештолог, а сештолозите, рекоа, се тие што ги поминуваат бариерите за нас, тие што ја поминуваат границата, што се храбри, што ни отвораат и ни велат: „Еј, можам и сликарството да го измешам со опера“, нешто што Сашо го правеше редовно.

– Мојот другар со камиевски поглед на побунет човек. Постојат еден ред луѓе за кои никако не можете да се сетите кога и каде сте ги запознале. Мојот театарски другар Сашо Миленковски е еден од нив. Кога тоа ви се случува, со сигурност знаете дека со нив сте имале богато минато пред да ги запознаете и тоа минато потекнува апсурдно од иднината што уште не е дојдена. Тоа се луѓе со кои сте се совпаднале во многу идеи и за напред и за назад, како да сте се познавале и пред запознавањето и како да ќе се запознавате откако сте се запознале. Тоа се луѓе со кои не сте се разминале ни во сегашноста, ни во минатото, ни во иднината во оваа сурова вселена, во која материјата главно се разминува една со друга: маж со жена, родители со деца, планета со планета, галаксија со галаксија. Мене ми е многу драго што не се разминав со Сашо, што бевме современици – гласаше пораката од Венко Андоновски, што ја прочита актерот Предраг Павловски.

Миленковски постави три драмски текста на Андоновски: „Кандид во земјата на чудата“ 2000 година, „Кинегонда во Карлоленд“ 2009 и „Јов“ 2016. 

– Сашо беше мајстор од апсурдноста на светот да направи смисла. Тој иницира смисла дури и во најбесмислените животни драмски епизоди, бараше смисла во аморфното, беше како дете што во аморфната маса облаци на небото препознава фигури. Тие фигури ги правеше викиви, јасни за театарската публика. Така им пристапуваше и на моите текстови. Ниеднаш не се случи да ја постави онаа претстава што јас ја гледав во мојата глава. Секогаш тоа беше драстично поинакво од моите визии и секогаш претставата што ја гледав ми се допаѓаше многу повеќе од мојот текст и од мојата сценска замисла за него. Сашо режира на целосно специфичен начин. Им даваше слобода на артистите, без да ги ограничува сè до последната етапа на подготовката на претставата кога ги затегаше уздите. Тогаш, пред крајот на процесот, често знаеше среде проба да исчезне. Се чудевме и артистите и јас каде е? И никогаш не дознавме каде оди. И туку по некое време ќе се појавеше со идеја и решение за некоја сцена, како да бил викнат на консултации некаде на некој специјализиран, таен театарски институт или во некој западен театарски градеж во кој го нашол она што му треба и го купил – вели Андоновски.

Сашо Миленковски почина во јуни годинава на 63-годишна возраст. 

Роден во Битола 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режира повеќе од 50 претстави поставувајќи дела од автори, како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а беше изведена и на Охридско лето и на „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“, поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во афирмацијата на драмското творештво.

Во текот на кариерата ги режира и драмите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, „Лични огласи“ од Братислав Димитров, како и „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, поставени во Драмскиот театар во Скопје. Во 1999 година го основа независниот театар „Бабилон“. Од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година беше драматург во Драмскиот театар – Скопје, каде што активно учествуваше во креирањето на современиот репертоар. За својот богат творечки опус Миленковски доби многубројни домашни и меѓународни признанија. Двапати беше добитник на наградата за најдобра режија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а претставите Game Over и „Македонски рулет“ во негова режија беа прогласени за најдобри претстави во целина. Добитник е и на наградата за најдобра режија на театарскиот фестивал во Нови Сад за претставата „Злосторство и казна“, како и наградата за најдобра претстава во Србија за „Ниш експрес“.