Канада од денеска воведе царини за САД за увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари, соопшти канадското Министерство за финансии.
Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, со стапки што се движат од 15 до 50 проценти, а се однесуваат на производи од челик и од алуминиум, како и на земјоделска опрема и предмети за домаќинство.
Одлуката на Канада беше донесена откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 проценти за канадска стока и по неуспехот на трговските преговори.

