Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петмина кандидати досега за шеф на ОЈО ГОКК

А во меѓувреме тече процедурата за избор на наследник на Ислам Абази.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А во меѓувреме тече процедурата за избор на наследник на Ислам Абази. Претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, соопшти дека досега се пријавени петмина јавни обвинители кои поднеле кандидатури на огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

За функцијата се кандидирани вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, поранешниот обвинител во СЈО, а сега обвинител во Вишото јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Советот на јавните обвинители во петок ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов шеф на Обвинителството. Согласно одлуката за свикување на 50-тата седница, на дневен ред е формирање комисија за подготвување на кандидатски листи, како и комисија за избор, кој ќе се спроведе на 28 октомври, од 8 до 16 часот.

Реклама

Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку 6 години непрекинат стаж како јавен обвинител до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните 3 години.

Изборот на нов шеф на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција следува по истекот на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој функцијата ја извршува од октомври 2022 година.