Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Македонскиот идентитет во Албанија опстојува со децении, но не секаде ги имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот идентитет во Албанија опстојува со децении, но не секаде ги имаат истите права. Во Пустец, Македонците се признато малцинство, но во Голо Брдо и Гора сè уште немаат можност за образование на мајчин јазик. Со новата територијална поделба, Пустец останува македонска општина. За македонската заедница, тоа е важна потврда, но не и крај на барањата за поголеми права. Албанија мора да го почитува Законот и еднакво да ги применува правата, порача Едмонд Темелко, претставник на Македонците во Албанија, на дваесеттата средба на Егејците во Штип.

„Во Пустец е поизразена, бидејќи тие се признаени од властите во Албанија. Сите знаат кириличко писмо. Македонците во Елбасан, Корча, Голо Брдо, таму се пренесува од колено на колено, но немаат право да учат во школите на мајчин јазик. Албанија донесе закон да се почитуваат правата на сите малцинства, на целата територија. Се надеваме во иднина и таму да се учи македонскиот јазик во училиштата каде има македонски деца“, изјави Едмонд Темелко, претставник на Македонците во Албанија.

Јазикот е темел на идентитетот, а неговото зачувување е одговорност на секоја генерација, особено за Македонците кои живеат надвор од државата, изјави директорот на Агенцијата за иселеништво.

Реклама

„Да не очекуваме дека во секое најмало место во светот ќе имаме училишта по македонски јазик, зашто македонскиот јазик се пренесува од колено на колено. Секоја мајка има обврска да го научи своето чедо да го зборува македонскиот јазик, да го научи на кирилицата, да го научи на македонските песни, ора, игри, на македонската традиција. Да се биде Македонец е чест, но и обврска, да се зачува македонскиот идентитет низ вековите кои ни доаѓаат“, изјави Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво.

Традиционално, и годинава, на 8 Септември, во организација на Здружението „Мирка Гинова“ беше одржана средба на децата бегалци од Егејска Македонија.

„Да се обединиме сите кон името Македонија, да се обединиме кон интегритетот, без разлика на партија, верски. Да се обединиме со намера Македонија да опстане. Бидејќи Македонија имаме обврска да ја чуваме, градиме и да ја оставиме на идните поколенија“, изјави Трајче Димков, претседател на Здружението „Мирка Гинова“.

Секоја година на Денот на независноста, децата бегалци од Егејска Македонија се собираат во Штип, каде се потсетуваат на минатото и на голготата што ја преживеале. Често нивни гости се македонските заедници од Албанија и Бугарија.