Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

„Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“ – Киро Глигоров, прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“ – Киро Глигоров, прв претседател на Македонија

По 35 години од овој свечен чин, односно изгласувањето независност на Република Македонија, денеска овој историски момент се одбележува со искра надеж за подобро утре која долго време беше згасната. Македонија во овие 35 години преживеа се и сешто. Но, да започнеме од она убавото, моментот кога Македонија стана независна. На денешен ден пред 35 години, граѓаните на тогаш СР Македонија изгласаа независност на Република Македонија. Ваквите резултати предизвикаа вистински делириум.

По овој историски момент, за оваа Македонија следуваат тешки години. Во 1995 година на трети октомври се случи атентат врз претседателот Киро Глигоров. Во моменти додека сите во земјата беа преокупирани со неуспешниот обид за убиство на првиот човек на државата, во македонското Собрание, во кое тогаш владееше само една партија, во брза постапка се менува уставот, со цел промена на знамето, со што Македонија тогаш ги ослабна своите позиции во преговорите со Грција.

Реклама

10 години по добивањето независност, Македонија ги доживува едни од најтешките моменти во својата историјата. Во државата се случи внатрешен воен конфликт, кој започна во јануари кога ОНА ги нападна безбедносните сили на Македонија.

Конфликтот заврши во август истата година откако беше потпишан Охридскиот договор.. се беше мирно се до 2019-та, кога волјата на Македонците изразена 91-та година на еден начин беше изневерена 28 години подоцна. И покрај неуспешниот референдум беше променето името на државата. Наместо потребните 50, излезноста беше 36,91 проценти. Гласот на граѓаните изразен преку бојкот на референдумот, беше срушен во Собранието. Република Македонија замина во историјата, се роди Северна.

„Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија“ – Зоран Заев поранешен премиер на Македонија

Македонија потпиша и договор за добрососедство со Бугарија, кој наместо да донесе добро, донесе само дипломатски проблеми за  државата. Повикувајќи се на потпишаното од Заев и Борисов, официјална Софија сега го условува напредокот на Македонија во евроинтеграциите. Се бараат големи отстапки од Македонија, кои пак за жал власта во тој период ги правеше.

„На територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци, кои зборувале македонски јазик, но живееле Бугари кои збореле бугарски јазик. Живееле луѓе кои што се чувствувале во исто време и Бугари и Македонци. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, којшто се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност“ – Зоран Заев, поранешен премиер на Македонија

Во годините кога владееше триото Заев, Ахмети и Ковачевски се донесе и проговарчка рамка, според јавноста, неповолна за Македонија, каде се задоволуваат апетитите на официјална Софија. Се усвои францускиот предлог.

По 35 години, Македонија повторно се наоѓа пред важен крстопат. Владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го продолжува патот кон Европската Унија, но со поцврсти позиции околу уставните измени и барање за јасни гаранции дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде само уште едно, туку и последно условување. Дали овој пристап ќе донесе резултат, останува да покаже времето. Но, по сите тешки години, денес повторно има причина за оптимизам. Македонија продолжува напред со надеж дека годините што доаѓаат конечно ќе донесат повеќе стабилност, просперитет и подобар живот за сите нејзини граѓани.