Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Петмина обвинители во трка за шеф на ОЈО ГОКК, изборот закажан за 28 октомври

Петмина јавни обвинители досега поднеле кандидатури на огласот за избор на основен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петмина јавни обвинители досега поднеле кандидатури на огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими.

Според информациите за функцијата се кандидирани вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, поранешниот обвинител во СЈО, а сега обвинител во Вишото јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

На прашањето дали ова е конечната листа на кандидати, Бесими изјави дека засега се пријавени овие петмина обвинители.

Реклама

– Сега за сега се тие, после празникот ќе биде официјално – изјави Башким Бесими.

Советот на јавните обвинители за в петок има закажано седница на која, меѓу другото, треба да бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. Согласно одлуката за свикување на 50-та седница, на дневен ред е формирање Комисија за подготвување на кандидатски листи, како и Комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

Огласот за избор на раководител на ОЈО ГОКК беше објавен од Советот на јавните обвинители врз основа на Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство. Според огласот, изборот на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК ќе се спроведе на 28 октомври 2026 година, во периодот од 8 до 16 часот

Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж како јавен обвинител до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

Изборот на нов шеф на ОЈО ГОКК следува по истекот на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој функцијата ја извршува од октомври 2022 година.