Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

МОН: Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие

Министерството за образование и наука реагира на денешната прес-конференција на СДСМ, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука реагира на денешната прес-конференција на СДСМ, на која обвинуваат дека учениците со попреченост се оставени без образовни асистенти. Тоа е апсолутно неточно и политичката партија со своето однесување најдобро покажува што значи зборот лицемерие, се наведува во реакцијата на МОН. 

Четири министри во Владата со која СДСМ раководеше седум години, не успеаја да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост кои следат настава во редовните основни и средни училишта во државата. Во 2024 година последниот нивни министер обезбеди недоволни 800 образовни асистенти и тоа само во основното образование, додека во средното воопшто не беа ангажирани стручни лица кои ќе им го олеснуваат воспитно-образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби.

Денес ситуацијата е сосема поинаква. Ангажирани се 1358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование – најмногу досега, а во тек е постапка и за ангажирање на дополнителен број стручни лица кои ќе обезбедуваат образовна асистенција за децата, во согласност со пријавените потреби на нивните родители.

Реклама

Во насока на подигнување на инклузивноста, МОН ги јакне и стручните служби во училиштата, преку ангажирање на кадарот кој недостигаше во минатото. Така што денес не постои училиште во кое нема стручна служба. Паралелно се подобрува пристапноста за лицата со попреченост во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за ученици со посебни потреби.

Ќе потсетиме и дека актуелното раководство на МОН прифати долгогодишно барање на граѓанскиот сектор кое е трансформирано во системско решение, а се однесува на обезбедување континуитет во наставата за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, да може часовите да ги следат онлајн заедно со класот или, пак, наставникот индивидуално да работи со нив. Со тоа, степенот на инклузивност на образованието е дополнително подигнат.

Од новата академска година е предвидено доделување нов тип стипендии за студенти со попреченост и со ретки болести со што ќе одговориме на барањата на нивните здруженија и сојузи, а политиките на стипендирање ќе ги следат барањата на ЕУ.

Ова е разликата во управувањето со Министерството за образование и наука до 2024 година и во креирањето на образовните политики и политиките за инклузивност потоа.

По однос на училиштата во руралните средини кои привремено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади.