Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Гувернерот Славески на конференција во Црна Гора: Независноста на Народната банка е клучот за зачувувањето на довербата и финансиската стабилност

„Независноста на Народната банка е клучот за задржувањето на високото ниво на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Независноста на Народната банка е клучот за задржувањето на високото ниво на доверба и кредибилитет што институцијата го ужива во јавноста, особено во услови на зголемена неизвесност и високи ризици“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на високата конференција „Централното банкарство во услови на високи ризици: стабилност, инфраструктура и доверба“, организирана од Централната банка на Црна Гора по повод 25-годишнината од нејзиното основање, се вели во соопштението од Народната банка.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат централните банки, гувернерот посочи дека последните кризи и геополитичките тензии покажаа колку се важни кредибилните политики, транспарентноста и јасната комуникација со јавноста. Тие се од суштинско значење за закотвувањето на инфлациските очекувања, стабилизирањето на финансиските пазари и за ефикасното спроведување на монетарната политика. Тој нагласи дека ова е особено важно за малите и отворени економии, какви што се земјите од Западен Балкан, коишто се особено изложени на светските економски и геополитички случувања. Затоа, централните банки треба постојано да ја зајакнуваат својата отпорност, институционалниот кредибилитет и способноста за навремено и ефикасно справување со новите ризици.

Во рамките на панел-дискусијата под наслов „Кредибилитетот, просторот за водење политики и усогласувањето со ЕУ, во услови на зголемени ризици“, на која учествуваа гувернери од регионот, Славески се осврна и на европската интеграција и економската конвергенција на земјите од Западен Балкан. Тој истакна дека централните банки треба уште повеќе да ги зајакнуваат монетарната и финансиската стабилност, институционалниот кредибилитет и отпорноста и да вршат понатамошно усогласување со европските стандарди, а земјите кандидатки треба да продолжат со структурните реформи коишто се од суштинско значење за зголемување на продуктивноста и за подобрување на животниот стандард.

Реклама

„Според процените на ММФ, со затворањето на половина од реформскиот јаз во однос на најнапредните економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа би можело да се зголеми нивото на БДП на среден рок за околу 14%, за што најмногу би придонесле подобрувањето на пазарот на труд и човечкиот капитал, деловното окружување и квалитетот на управувањето“, истакна Славески.

Во контекст на европската интеграција, тој нагласи дека процесот на пристапување кон ЕУ треба да биде заснован строго на заслугите, со јасни критериуми и со нивна доследна примена. Притоа, земјите кандидатки треба да бидат сигурни дека со исполнувањето на договорените критериуми целта ќе биде постигната и дека тоа ќе води кон следниот чекор во процесот на пристапување.

Во услови на зголемена светска неизвесност, зачувувањето на независноста, кредибилитетот и довербата во централните банки е од суштинско значење за стабилноста на економиите и за создавање услови за одржлив економски развој.