Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар ќе има две изведби во МНТ

– Поради големиот интерес на публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Поради големиот интерес на публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе биде изведена денеска и на 9 септември во Македонскиот народен театар.

Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а главната улога ја толкува Никола Ристановски. Драматизацијата е работена според текстот на Стеван Копривица, инспириран од романот „Уна“ на Момо Капор.

Во претставата, покрај Ристановски, настапуваат и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Реклама

Од МНТ посочуваат дека „Уна“ е едно од позабележаните регионални театарски остварувања во изминатиот период, а нејзината уметничка вредност е потврдена со повеќе фестивалски признанија.

Никола Ристановски за улогата на професорот Мишел Бабиќ е добитник на наградата „Зоранов брк“ на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и на признанијата за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и на фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука.

Претставата ја освои и наградата од публиката на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“, а на фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац беше прогласена за најдобра претстава и ја доби наградата од публиката.

Билетите за двете изведби се достапни преку билетарницата и веб-страницата на Македонскиот народен театар.