Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Дегустација на грозје и производи од гроздови зрна во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“

Со традиционалната подготовка на маџун, како и дегустирање традиционален кавадаречки појадок –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционалната подготовка на маџун, како и дегустирање традиционален кавадаречки појадок – пешии и равенија, во „Паркот на револуцијата“ денеска продолжија активностите во рамките на годинашниот „Тиквешки гроздобер“.

Посетителите од разни крашита на земјава и од странство имаат можност да ги дегустираат традиционалните маџун, пешии и равенија. Во „Паркот на револуцијата“ во рамките на активностите на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација има и музичка програма.

На денешната агенда во рамки на манифестацијата е и детскиот тиквешки карневал, најавен за во 18 часот, а еден час подоцна во Музеј – галеријата предвидено е да биде отворена изложба на кавадаречки уметници.

Реклама

На градскиот плоштад вечер со почеток од 21 часот ќе пеат Слободанка Танева, Мирјана Митрева, Џејла Рамовиќ и Пеџа Јовановиќ.

Денеска е последен ден од тридневниот настан, за кој на прес-конференција беше кажано дека се очекува рекордна посетеност.

Од локалната самоуправа потсетија дека на секој од трите влеза во општина Кавадарци и годинава секое возило со посетители добива подарок – пакетче спакувано грозје за гостопримство.