Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Најавата за уште еден топлотен бран повторно го зголемува ризикот од пожари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата за уште еден топлотен бран повторно го зголемува ризикот од пожари во Штипско. Регионот летово беше меѓу најпогодените во државата. Особено ризични остануваат планинските предели, каде теренот најчесто е непристапен и стрмен. Од штипската противпожарна единица велат дека меѓу најкритичните точки и понатаму е планината Серта.

„Критични места се регионот кон општина Карбинци, планината Плачковица, од другата страна Трогерци, каде граничиме со општина Свети Николе, па следува Серта со селата Лакавица, Лесковица, Селце, Пухче. Овде имаме критични села, непристапен терен, со многу падната маса, што ни го отежнува гасењето на пожарите“, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип.

Според Ренџов, штипската противпожарна единица во моментот е добро технички опремена и има солиден возен парк. Недостигот од пожарникари се надополнува со помош од Дирекцијата за заштита и спасување.

Реклама

„ДЗС од почетокот на сезоната ни донесе возила на интервентната пожарна. Располагаме со четири ПИНЦ-а, два БТР-а, нонстоп имаме лица од Дирекцијата кои дежураат овде, кои се овде 24 часа и кои навистина ни помагаат во гаснењето на огнените стихии“, изјави Ренџов.

Од штипската противпожарна единица потсетуваат дека најголем дел од пожарите се последица на човечко невнимание. Само од јуни до август годинава во земјава се регистрирани 1.696 пожари, од кои 69 биле шумски, додека останатите биле на сува трева, стрништа и депонии. 2022 година ќе остане запаметена како година со најголеми штети врз шумскиот фонд.