Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец

Велешките пожарникари вечерва го ставија под контрола пожарот во околината на селото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велешките пожарникари вечерва го ставија под контрола пожарот во околината на селото Ногаевци, за којшто директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изрази сомневање дека е намерно запален и рече дека полицијата ќе го истражува случајот. 

Ангелов во вечерашната изјава кажа дека овие свои сомнежи ги темели на искази на локалното население. 

Врз овој пожар освен велешките пожарникари и локалното население, интервенираа и двата Ер трактори кои само еднаш фрлија вода врз едно критично место, како што побарал командирот на велешката ППЕ. Тоа, како што објасни Ангелов, им овозможило влез во боровата шума на велешките пожникари изложувајќи се на одреден ризик. 

Реклама

– Рано наутро ќе продолжи деталното гаснење на овој пожар – изјави Ангелов додавајќи дека нема повредени пожарникари.

Вечерва исклучително тежок пожар има во месноста Рамно на Скопска Црна Гора, каде гаснат скопските пожарникари и луѓе од Национални шуми, а на лице место е и градоначалникот на Чучер Сандево. 

Пожар има во атарот на кумановското село Матејче, којшто се движи кон манастирот во Матејче. Пожарот кој од косовска страна се спушти на наша територија долж реката Лепенец е ставен под делумна контрола, и се очекува утре да биде ставен под целосна контрола или да биде изгаснат.

– Но, ако ветрот е неповолен најверојатно и вечерва скопјани, или дел од нив ќе чуствуваат непријатен мирис којшто доаѓа од чадот од овој пожар – рече Анеглов.