Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Вреди“: Голем чекор кон енергетската независност и сигурност

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа, се вели во соопштението од „Вреди“.

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата.

Реклама

„Вреди“ ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот.