Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

„Тајм аут“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа во изборот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа во изборот на магазинот „Тајм аут“ оставајќи зад себе низа познати туристички дестинации од континентот, меѓу кои Сатурнија во Италија, Алберобело во регионот Пуља и норвешките фјордови. 

Во годишниот избор на најубави европски локации магазинот не се водел според популарноста на дестинациите, туку според личните препораки на својата мрежа од уредници и патописци, кои ги издвоиле местата што оставиле најсилен впечаток за време на нивните патувања во Европа. 

„Тајм аут“ го опишува Охридското Езеро како една од најпотценетите европски дестинации и како помирна и подостапна алтернатива на езерото Комо во Италија, кое е познато по луксузните вили, славните посетители и големиот број туристи. Според магазинот, Охрид нуди еднакво впечатливи природни пејзажи, но без метежот и високите цени карактеристични за некои од најпознатите европски езерски центри.

Реклама

Во образложението за првото место се наведува дека Охридското Езеро, кое се протега меѓу Северна Македонија и Албанија, е едно од најстарите и најдлабоки природни езера во Европа. Кристално чистата вода, планинските масиви што го опкружуваат и крајбрежјето со историски населби создаваат пејзаж што може да се мери со најпознатите европски езерски дестинации. 

Сместувачките капацитети, хотелиерите и приватните станоиздавачи ги добија протоколите за работа во новонастанатата ситуација наметната од епидемијата на короновирусот. Од понеделник е предви

Особено внимание авторите посветуваат на Охрид, кој го нарекуваат вистинска ѕвезда на македонската страна од езерото. Градот, според нив, плени со калдрмисаните улички, богатото културно наследство и многуте средновековни цркви. Во текстот се споменува и легендата дека некогаш во Охрид имало 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Меѓу највпечатливите глетки е издвоена црквата „Свети Јован Канео“, сместена над езерскиот брег, од каде што се отвора панорамски поглед кон сините води на Охридското Езеро. „Тајм аут“ оценува дека станува збор за навистина спектакуларна сцена и им препорачува на посетителите локацијата да ја посетат во раните утрински часови кога владее мирна атмосфера и има помалку посетители.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам во Белград, што ќе се одржува од 24 до 27 март 2022 година. 

Магазинот наведува дека туристите во Охрид може да го поминат денот капејќи се во езерото и разгледувајќи археолошки локалитети, а вечерите да ги минуваат уживајќи во зајдисонцето зад околните планини. Сето тоа, според авторите, е достапно по значително попристапни цени во споредба со одмор на езерото Комо.

Во текстот е посочена и албанската страна на езерото, која нуди поинакво искуство со помирни села и природни предели. Посебно е издвоено селото Лин, познато по мозаичните остатоци и камповите покрај брегот. 

На листата на десетте најубави места во Европа за 2026 година се најдоа и Почитељ во Босна и Херцеговина, Кралската ботаничка градина во Лондон, каналот Принсенграхт во Амстердам, долината Мозел во Германија и „Каса Батљо“ во Барселона, но првото место му припадна на Охридското Езеро како дестинација што нуди спој на природни убавини, културно наследство и автентично туристичко доживување.