Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонскиот јазик, литература и култура на клупите во светските универзитети. На 53тата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик, литература и култура на клупите во светските универзитети. На 53тата меѓународна научна конференција на македонистиката годинава учествуваат 75 проучувачи на македонскиот јазик од ширум светот. Тоа се луѓе кои одбрале да го запознаат нашиот јазик пред другите

„Македонистиката е докажана, студиозна, компетентна, аргументирана наука и тоа е највисоката наша претставителност и потврда за националниот идентитет“, изјави Кристина Николовска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

На конференцијата се промовираат изданија од ланската конференција, а ќе се работи и на зборник од сегашната. Основната дејност на семинарите е афирмација на македонистиката, презентирање, координирање на високообразовните и научните достигнувања од областа на македонистиката во земјата и во странство.

Реклама

„Очекуваме уште поголема афирмација на македонистиката, очекуваме и зголемување на бројот на лекторатите како што во изминатите три години отворивме три лекторати по македонски јазик во светот“

Конференцијата има две секции, за македонски јазик и за македонска книжевност и култура а се одржува еднаш годишно во Охрид. Меѓународниот семинар работи 57 години и организира летни школи, зимски школи и тркалезни маси за македонскиот јазик, но исто така ја организира и работата на лекторатите по македонски јазик, литература и култура на универзитетите во странство.