Нов смртен случај седми по ред од западнонилска треска во Македонија. Пациентот е на возраст од 69 години од Општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена. Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани. Последните неколку нови случаи се од Скопје Север. Сите смртни случаи до сега се мажи на возарст над 60 години. Клековски додаде дека според најголемата студија во Америка спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма и смртноста е поголема кај мажите.
-Имаме еден починат. Тој е пациент кој најдолго беше хоспитализиран преку 38 дена во болницата и имаме еден нов сомнителен случај во овие три дена од последното известување. Состојбата на хоспитализација е иста мислам дека се 19 пациенти бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај–истакна министерот за здравство Сашо Клековски.
Инаку бројот на нови хоспитализации од Западен нил во Македонија почнува да се намалува, но надлежните повторно предупредуваат дека земјава се соочува со уште еден потенцијален ризик – морбилите. Причина за загриженоста се нискиот опфат со МРП-вакцината во земјава и зголемениот број заболени во соседните Косово и Бугарија. Институтот за јавно здравје ги спроведува сите неопходни активности за информирање. Клековски вели дека загрижува фактот што малата стапка на вакцинација е во урбаните средини додека во помалку развиените срдини имуннизацијата е на високо нив. Затоа пристапот кон овој проблем треба да биде поаналитички.

-Бидејќи нема логика да условно кажам во помалку развиени средини имаме многу висок степен на опфат вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини како ХПВ-то. А од друга страна во средините кај што се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен да имаме најнизок степен на опфат–истакна министерот за здравство Сашо Клековски.
Инаку, малите сипаници се опасна болест која може да заврши и со смртни последици. Под најголем ризик се децата помали од 5 години, луѓето со слаб имунитет, трудниците, и невакцинираните. Болеста започнува со појава на висока телесна температура која се качува и над 40 степени, главоболка, треска, секрет од нос, и црвенило во очи.
