Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Земјоделците се мачат, трговците го собираат кајмакот, а граѓаните плаќаат прескапо. Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците се мачат, трговците го собираат кајмакот, а граѓаните плаќаат прескапо. Од Националната федерација на фармери се пожалија дека со години наназад се зголемуваат цените на сите репроматеријали, пестициди, ѓубрива, семиња, а откупните цени се исти или во некој период пониски од претходно. На крајот, граѓаните во маркетите и на пазарите плаќаат прескапо, бидејќи цените се превисоки за животниот стандард. Земјоделците велат дека инвестициите во производство им биле преголеми, па треба и да се заработи, а не да имаат загуби, додека населението треба да не плаќа премногу. Сметаат дека овде клучна улога имаат инспекциите, кои треба да ги санкционираат разните трговци и препродавачи.

„Ако веќе има закони и правилници, мислам треба еднаш засекогаш да се спроведат и во пракса. Да видиме кој колку заработува и дали е тоа фер заработка, бидејќи на крај, крајниот потрошувач навистина плаќа скапо и мисли дека ние земјоделците заработуваме којзнае колку. Ние едвај врзуваме крај со крај. Нашата заработка ние ја гледаме во субвенциите. Ако не се исплатат сите навреме, навистина е тешко да се работи во земјоделството“, вели Стефанче Јорданоски – претседател на Национална федерација на фармери.

Освен ниските цени, земјоделците имаат проблеми и со доцното плаќање. Во некои случаи чекаат и повеќе од половина година за да ги добијат парите за предадениот род. Дополнително, бараат субвенциите да се исплаќаат навремено. Само во тој случај, велат, ќе може да се обезбедат пари за семиња, садење, обработка на земја и старт со ново производство.

Реклама

„Имаме во делот на куртовска капија, производството на пиперка, неисплатено производство. Од лани уште немаат земено пари луѓето за пиперката. Вистина, се потребни, особено во летниот период, кога имаме зголемени температури, долг сушен период, имаме зголемени трошоци за наводнување и, вистина, тие финансиски средства, како поддршка од државата, ни се најнеопходни во моментот“, вели Стефанче Јорданоски – претседател на Национална федерација на фармери.

Потврда дека ќарот од продажбата на земјоделските производи оди во џебовите на трговците, а не кај земјоделците кои се мачат на нивите, дојде и од државната статистика. Минатиот месец имале за 4% повеќе трошоци, но родот што го собрале го дале за 5,5% поевтино. Најскапи биле машините, горивата и ветеринарните услуги. Транспортната опрема поскапела за 17,3%, а машините и опремата за 13,7%. Истовремено, пак, најмногу поевтиниле овошјето за 13,2% и зеленчукот за 11,4%.