Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Продолжува стратешкото партнерство на Макстил со СОС Детско село за стабилна грижа и поддршка на децата

Макстил и СОС Детско село потпишаа продолжување на Договорот за стратешко партнерство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Макстил и СОС Детско село потпишаа продолжување на Договорот за стратешко партнерство, потврдувајќи ја заедничката заложба за долгорочна поддршка на децата и младите без родителска грижа.

Соработката, започната во 2024 година, продолжува со грижата за една од кумските куќи, чиј клучен поддржувач е Макстил. Со тоа компанијата придонесува за потребите на семејството и за создавање безбедна, топла и поттикнувачка средина за раст и развој.

-Веруваме дека општествената одговорност има најголема вредност кога е искрена, континуирана и насочена кон создавање долгорочни позитивни промени. Токму затоа остануваме посветени на обезбедување подобри можности и посигурна иднина за децата на кои им е потребна поддршка, изјави меѓу другото Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил.

Реклама

Според Јулијана Накова-Гапо, националната директорка на СОС Детско село, за децата е особено важно да чувствуваат дека некој останува покрај нив.

-Токму затоа долгорочните партнерства имаат голема вредност за нашата работа. Благодарни сме што имаме партнер кој ја разбира важноста на долгорочната посветеност и придонесува кон посилна и погрижлива заедница. Одлуката на Макстил е потврда на заедничката посветеност кон безбедна средина, квалитетни услови и можности секое дете да го развие својот потенцијал, изјави Накова-Гапо.

Договорот обезбедува стабилност за згрижувачката куќа и помага во покривањето на потребите на семејството и одржувањето на домот.