Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

Изградбата на Автопатот Прилеп-Битола оди со одлична динамика, дури и во овие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на Автопатот Прилеп-Битола оди со одлична динамика, дури и во овие пеколни услови за градежништвото. Бројките зборуваат дека сè се одвива според планот и во рамките на зацртаните рокови. Пелагонискиот регион, како долгогодишно слепо сообраќајно црево, полека, но сигурно ја менува сликата. Следната година ќе има уште позитивни вести во врска со изградбата на Автопатот Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10, особено во делот на ставањето во функција на оваа делница, порача денеска од Прилеп министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2029 година, но првите километри, комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, значи во две насоки, три плус три ленти, со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

Реализацијата на Автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 км, потоа на обиколницата Битола-Меџитлија, долга 19 км, како и на 7-километарската обиколница Ресен-Охрид, но и на гасификацијата и изградбата на Регионалната депонија во Новаци, се само дел од проектите на кои интензивно се работи во Пелагонискиот регион. Лани, пак, во јануари во функција беше ставена делницата Градско-Фариш во должина од 16,5 км, а додека на почетокот од јули беше пуштена во употреба и делницата од Дреново до Фариш во должина од 10,2 км како дел од Експресниот пат Градско-Прилеп. Според пелагониските бизнисмени, ваквото современо сообраќајно поврзување на Пелагонија значително ќе придонесе не само за развојот на регионалната економија, туку и за намалување на иселувањето, кое со години е рак-рана на овие простори.