Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

До 15% поефтин училишен прибор во сите книжарници во пресрет на почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 15% поефтин училишен прибор во сите книжарници во пресрет на почетокот на учебната година. Нацрт одлуката за училишната кошничка е готова, а во вторник треба да се усвои на владина седница. Во консултации со трговците на мало и на големо државата и оваа година ќе им помага на родителите да заштедат на основните потреби. Моливите, ранците, гуми, тератки, хамери, шестари, калкулатори, боици, острилки ќе бидат јасно обележани, а попустот до 15 проценти кој важи за секој обележан производ ќе се пресметува на каса.

„Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15% попуст , а составот и крајната цена на кошничката ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена.“- велат од Министерството за економија и труд.

Реклама

Во вторник се очекува да биде донесена одлука со која би се опфатиле најпотребните производи за почетокот на учебната година, со намалени цени. Оваа мерка се применуваше и во изминатите две години.

„На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците.“- вели премиерот Христијан Мицкоски.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека во моментов без попустот за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче. Ранците сега се продаваат од илјада до четири или пет илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 650, гумите 15 до 100, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Најефтините боички чинат 45 денари, додека најскапите се по 250 денари. Готови комплети од ранец, несесер и торба за ужина се продаваат по 3000 денари.