Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

43 заразени и четири смртни случаи  на западно-нилска треска се ресгистрирани до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

43 заразени и четири смртни случаи  на западно-нилска треска се ресгистрирани до сега во земваја. Од нив 40 се потврдени а за тројца се чека потврда од втор  тест. За прв пат има случаи во општините Центар и Чаир, а лоцирана е и прва мртва птица заболена со овој вирус. Станува збор за гавран на територијата на Скопје.Исто така ќе се проширува и информирањето на граѓаните над 60 години и во другите општини како да се заштитат од комарците и кога да се јават на лекар.Направена е координација со сите градоначалници за лоцирање на високо ризичните и ризичните зони на вирусот.

-Во некои општини, на пример во Сопиште нема високо ризични подрачја а има случаи, Чучер сандево исто така во сопствената општина нема високо ризични подрачја ама има во границата со Бутел, и се обидовме да го лоцираме. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја од кои 13 се високо ризичн– -истакна Министерот за здравство Сашо Клековски

Клековски додава дека комарците  може да се размножуваат само таму каде има засотоена вода и  отпад.  Проточните води каде што  има жив свет не може да бидат легло за комарците.

Реклама

– Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите Јурумлери и Стајковсци, Синѓелиќ во Газа Баба. Главниот канал во Илинден на Скопско поле. Каналите во Драчево, каналите во Батинци и Студеничани-истакна Министерот за здравство Сашо Клековски

Од Центарот за јавно здравје велат дека навремено е  започната  дезинсекцијата и средставата се квалитетни и безбедни за луѓето.

-Нема никакви сомнежи. Во однос на отпочнувањето на терестичката дезинсекција, вечерните часови ние ги раствараме и полниме возила во надзор на Градот Скопје, значи никако сами тоа не го работиме, тука сум и јас како надзор-истакна Николина Соколовска- Ентомолог од  ЦЈЗ

Меѓу ризичните места за овој вирус  се посочуваат места со застоена вода, улици со многу септички јами, отпади со гуми, гробишта. Надлежните велат  дека  е добро што граѓаните пријавуваат до АХВ за угинати птици за да брзо се реагира. Велат дека во иднина ќе се направи регионализација на пристапот кон превенција на комарците и набавките ќе се прават не за една туку за три години. Центарот за јавно здравје ќе ја следи состојбата со епидемијата и така ќе делува во однос на дезинсекцијата. До граѓаните останува апелот да се заштитат од комарците и штом почуватвуваат симптоми на Западен нил веднаш да се јават кај својот матичен лекар.