Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски фотелји, потпретседател и шеф на кабинетот на Али Ахмети. Во ДУИ, очигледно, за пораз не се одговара, туку поразените се наградуваат, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Истата приказна се повторува и во Арачиново, Боговиње, Теарце, Струга, Желино и Сарај. Ги изгубија изборите, но никој не се тргна, никој не одговараше и никој не ја пушти фотелјата.

Муабетите за легитимитет и барањата за предвремени избори им се само за по дома, за да ги држат во кондиција истите фотелјаши и да им продаваат надеж дека уште малку ќе се вратат на власт за повторно да крадат. Но, тие приказни веќе не поминуваат ни во Мала Речица.

Реклама

Во ДУИ добро знаат дека пред неполна година Албанците со глас ги исфрлија од сите општини со албанско мнозинство и дека секое ново соочување со граѓаните за нив значи уште една шлаканица. На следните избори граѓаните ќе ја довршат работата и ова нереформирано раководство, кое функционира како политбиро, ќе го испратат право во политичка пензија.