Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Прилози

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира наводите на Сојузот на одгледувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира наводите на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ дека четири јами во селото Соколарци, со тела на овци усмртени од овча сипаница, биле незатрупани речиси 20 дена, поради што нивните мрши биле расфрлани од диви животни и кучиња.

Од Министерството за земјоделство велат дека јамите се соодветно третирани, дезинфицирани и означени, а животните се закопани согласно протоколите.

„Местото на кое е снимено видеото е местото на кое, согласно сите биосигурносни мерки за нешетно отстранување на овци и кози, е извршено закопување на еутаназираните животни. Овците и козите се затрупани со поголем слој земја, местото е соодветно дезинфицирано и означено дека тука постои опасност од заразна болест“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Реклама

Од Министерството додаваат дека пронајдените овци и кози потекнуваат од сточари кај кои болеста е присутна и кои вршат незаконска вакцинација со неквалитетни вакцини, илегално набавени од Турција.

Според Сојузот, досега угинале околу 10.000 овци, а уништени се од 40 до 50 стада. Тие бараат што побрзо да започне имунизацијата на сточниот фонд со вакцините донирани од Турција, со цел да се спречи понатамошното ширење на болеста.

„За нас останува само да се убрза работата и што побрзо да си ги заштитиме стадата. Колку ќе се задржи, не знам, но институциите треба што побрзо да преземат активности и да ни ги вакцинираат овците“, изјави Илми Зекир, сточар и член на УО на Сојузот на одгледувачи на овци.

Од Министерството сè уште нема посочено точен датум за почеток на вакцинацијата. По добивањето на донацијата, вакцината ќе биде тестирана за безбедност и чистота, а дотогаш ќе се врши депопулација на заразените стада.

Надлежните предупредуваат дека неовластената имунизација ќе биде санкционирана, а за вакцинираните животни нема да има обештетување.