Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Ранци, моливи, пенкала, гуми, острилки, боици, лењири, шестари, тетраки, дигитрони, хамери, маркери,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ранци, моливи, пенкала, гуми, острилки, боици, лењири, шестари, тетраки, дигитрони, хамери, маркери, пластелин, блокови, лепила –сето ова му е потребно на секој ученик за работа на училишните часови и решавање на домашните задачи. На десетина дена пред почетокот на учебната година, добра вест за родителите кои имаат деца ученици. И оваа година, училишниот прибор ќе биде на попуст. Од Владата повторно ја најавуваат мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“  – попуст на целиот училишен прибор, а одлуката треба да се донесе во вторник на владина седница.

„Да ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука.“– вели премиерот Христијан Мицкоски.

Мерката се применуваше и во изминатите две години, во секоја книжарница родителите плаќаа се, со 15% попуст и според надлежните, тоа придонесе за семејна заштеда до 2 илјади денари.

Реклама

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека во моментов без попустот за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче. Ранците сега се продаваат од илјада до четири или пет илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 650, гумите 15 до 100, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Најефтините боички чинат 45 денари, додека најскапите се по 250 денари. Готови комплети од ранец, несесер и торба за ужина се продаваат по 3000 денари.

Родителите кои живеат во Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и Аердором ќе имаат уште помали трошоци за набавка на прибор. Во Аеродром секое прваче ќе добие финансиска помош во износ од 3500 денари, а секој четвртооделенец ќе добие и бесплатен таблет. Во Карпош и во Кисела Вода обезбедуваат ранец и училишен прибор за секое прваче. Во Ѓорче Петров, пак, за првооделенците е предвиден пакет мерки кој вклучува бесплатен ранец, финансиска поддршка од 3.000 денари и обезбедена ужина.