Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Прилози

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Премиерот Мицкоски повторно ја фрли ракавицата – ако опозицијата смета дека треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски повторно ја фрли ракавицата – ако опозицијата смета дека треба да има предвремени избори, тогаш власта е подготвена позитивно да одговори. Опозицијата пак, се подели – ДУИ го прифати предизвикот и вели – ние сакаме, додека СДСМ, како подисплашени го одбија – велат не сакале да бидат алиби, ако сака власта, сама нека си ги распише. Според премиерот Мицкоски граѓаните не сакаат избори, оти на минатите и дале на оваа влада мандат од 4 години да ги спроведе неопходните реформи, но доколку опозицијата смета е потребно ново изборно соочување, тогаш власта нема кукавички да седи на страна.

    „Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, затоа ја направив онаа споредба на почеток 3:1 на перформансите на оваа Влада, споредено со претходната Влада. Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада четири години. Но, она кое што јас вчера го кажав ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговриме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победиме“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој по речиси две неделно отсуство од јавноста, конечно се појави на прес-конференција го одби предизвикот. Вели СДСМ била подготвена за избори, но немала да дозволи да биде алиби за власта. Доколку премиерот сака изборно соочување, си има апсолутна власт да го стори тоа – сам нека си ги распише.

    Реклама

      „Ние нема да му бидеме алиби за избори.кажав избори ќе закаже премиерот, кој што има двотретинско мнозинство, апсултна власт на секое ниво, пртетседателката, извршната власт, двотретинско мнозинство во собранието, мнозинство во општините, централна-локална власт, може да си направи избори кога сака. Ние нема да му бидеме алиби“ изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ

      Филипче предвидува дека избори ќе имало кога на власта ќе и снемало пари, а СДСМ како партија била подготвена да настапи на нив кога и да бидат тие распишани. Имале тим, имале програма, дури имале и „мастер план„.

      За разлика од нив, опозициската ДУИ на Али Ахмети буквално со две раце го прифати предизвикот и ја поздрави подготвеноста на премиерот за избори. Побараа изјавата, односно понудата да се претвори во контретно дејствување.

        „Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации.Опозицијата го даде својот одговор.ДУИ е подготвена.Да се распушти Собранието.Да се определи датумот.Да одиме на избори, се вели во соопштението на ДУИ“, соопштија од ДУИ

        Ова не е прва пат премиерот Мицкоски да и понуди на опозицијата да се оди на предвремени избори. Но секоја негова понуда, на еден или друг начин е одбиена од опозициската СДСМ, чии рејтинг во моментов е за два-три пати понизок од тој на власта. Анкетите покажуваат дека доколку се одржат нови избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои многу повеќе пратеници од тие што ги има сега.