Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Прилози

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

По краткотрајното освежување- повторно пекол. Уште еден топлотен бран ја зафаќа земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По краткотрајното освежување- повторно пекол. Уште еден топлотен бран ја зафаќа земјава во следните денови. Почнувајќи од денеска синоптичарите најавуваат живата на термометрите на места да надмине 40 степени во петок и сабота, а од недела се очекува пороен дожд, засилен ветер и минимално опаѓање на температурите.

Само утре и во сабота ќе биде топло со температури што на места ќе достигнат, можеби и ќе надминат 40 степени. Во недела и деновите што следуваат по недела, ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. А во однос на температурата ќе има заладување во среда, за 4-5 степени од моментов, значи во среда максималната температура ќе биде во цела Македонија 36 степени. – вели Вилен Поповски, дежурен синоптичар.

 Лекарите апелираат до сите групи граѓани да бидат внимателни, бидејќи температури од 40 степени може да предизвикаат мозочни и срцеви удари и кај постарите, но и кај помладите и потсетуваат хронично болните да не заборават да ја земат својата терапија.

Реклама

Во периодот од 11 часот до 18, да седат во разладени, климатизирани простории, да не ги напуштаат своите домови освен во итни, неодложни потреби бидејќи тогаш во тој временски период УВ зрачењето и температурите ќе бидат највисоки. Да ја земаат редовно хроничарите својата терапија, лековите за притисок, за дијабет, за астма, за хоп без прескокнување, бидејќи овој временски период исто може да има варијации и во самиот крвен притисок. – рече Драган Ѓорѓиевски, матичен лекар.

За да се избегне дехидратација, лекарите препорачуваат луѓето дневно да  внесуваат од 3 до 4 литри вода, а ако е неизбежно да излезат надвор, да не забораваат заштитен фактор, светла облека, капа и наочари за сонце. Покрај консумирање полесна храна, советуваат и да се внимава храната да не стои на собна температура поради опасност да се расипе и да предизвика повраќање и дијареа.