Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Прилози

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Заштита на македонските национални интереси, развивање на економската дипломатија и заштитата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштита на македонските национални интереси, развивање на економската дипломатија и заштитата на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава, се трите стратешки интереси за македонската дипломатија.

Прв пат по седум години еден министер за надворешни работи го свика Амбасадорскиот совет, за координирање на нашата дипломатија, која мора да биде подготвена за предизвиците што произлегуваат од геополитичките игри на глобална сцена.

Реклама

Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини“, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Особено внимание амбасадорите и конзуларните претставници во иднина ќе мораат да посветат на трговската соработка со земјите домаќини, како и на промоцијата на македонското стопанство. Пазарот на ЕУ останува наша примарна цел, но ќе се прават обиди и за присиство на други пазари.

Најзначаен трговски партнер се земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, кој што го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со кои што гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва“, посочи Муцунски.

Министерот истакна дека речиси сите претставници на дипломатско-конзуларните претставништва се присутни на Амбасадорскиот совет во Скопје, а отсутни се само неколкумина, кои од оправдани причини не биле во можност да допатуваат.