Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Шангајската листа повторно без македонски универзитет. За надлежните, очекувано, затоа што сеуште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шангајската листа повторно без македонски универзитет. За надлежните, очекувано, затоа што сеуште не е дојдено до решението, кое е содржано во трите закони за високото образование кои се уште се во собраниска процедура. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, очекува со нив значително да се подигне квалитетот на високото образование, а Македонија да напредува и на меѓународните ранг листи.

„Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони, да има некакво драстично придвижување на Шангајската листа. Трите закони, кои во моментот се во собраниска процедура, очекуваме во еден догледен период значајно да го поткренат квалитетот во високото образование, но и да ги отворат другите индикатори што ги користат не само Шангајската, туку и друггите листи за рангирање, за да можеме да се придвижиме на тие листи“ – изјави Јаневска.

Јаневска упати и јасна порака до политичарите „рацете на политиката подалеку од образованието“. Според неа, мешањето на политиката и ширењето на несоодветни информации заради политички поени, нанесуваат штета на целиот образовен систем, а последиците ќе ги почуствува сечие дете.

Реклама

„Парламентот е местото каде што ќе се соочиме со сите аргументи. Ако постојат забелешки на одредени законски одредби, таму ќе се разговара за нив. Но уште еднаш ќе повторам, рацете на политиката подалеку од образованието. Нашите млади заслужуваат квалитетно образование, а со донесувањето на овие закони ќе го подигнеме квалитетот на високото образование, што е директно поврзано и со меѓународните рангирања на универзитетите“ – истакна министерката. 

Со законите за високо образование, за квалитетот на високото образование и за научно истражувачка дејност се предлага нов модел на финансирање на универзитетите, построги критериуми за избор на професори, новб систем за акредитација и евалуација и финансирање на научни проекти. Целта е повисок квалитет и поголема конкурентност на универзитетите. Законите веќе неколку месеци се во собраниска процедура бидејќи од ДУИ бараат бадентерово мнозинство, и дополнително, според опозицијата, построгите критериуми биле тешко применливи и со нив ќе се нарушела автономијата на универзитетите.