Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Венко Филипче пишман аџија. Не покани да го снимаме, па повторно исчезна.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче пишман аџија. Не покани да го снимаме, па повторно исчезна. 12 дена немаше ни трага ни глас од лидерот на СДСМ, прашавме зошто го нема во јавноста речиси две недели, а како одговор добивме дека немал никаква обврска да ни каже. Покрај тоа во писмениот одговор, полн со навреди и обвинувања за ТВ Алфа, не покани и да дојдеме да му снимиме изјава.

-Ако сакате ова да го изјавам во живо за вашата камера и телевизија, можете да дојдете уште денес до седиштето на партијата тука сум – Па вие потоа можете да го кажете она што вам ви го диктира Латас и Мицкоски: јахти, Харис, Дубаи, Венеција, Сент Мориц и сè останато, ни кажа вчера Филипче.

Но наместо да застане пред нашата камера Филипче повторно исчезна. Два дена веќе нема одговор на прашањето кога да дојдеме во партискиот штаб, со цел да го снимиме првиот човек на СДСМ.

Реклама

-Со оглед на тоа што во вчерашниот писмен одговор до ТВ Алфа, претседателот на СДСМ, Венко Филипче самиот напиша: „Ако сакате ова да го изјавам во живо за вашата камера и телевизија, можете да дојдете уште денес до седиштето на партијата тука сум“. Вчера ве прашавме кога сте во можност да дојдеме да снимиме, но одговор повратен не добивме. Па, еве ве прашуваме и денеска кога сте во можност да дојдеме да ја снимиме изјавата?, прашавме денеска во СДСМ.

Не каде бил Филипче минативе две недели останува непознато. Таинственоста околу неговите патувања не е ништо ново. Јавноста неколку пати во минатото дознаваше каде е, но само од видеа и фотографии снимани од граѓани, как на пример сликата каде е на јахта со својот пријател Заев, како на забава во Дубаи на Харис Џиновиќ исто така со Заев.

Последен во јавност Филипче беше виден пред веќе 13 дена, односно на шести август во попладневните часови во струмичко Ново Село. Од таму не е познато каде заминува, дали можеби на јахта кај својот пријател Заев, или пак можеби во Дубаи, или на некое трето место.

Матеја Петровски