Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Огнената стихија во прилепско не стивнува

„Многу чад, тешко е за дишење и многу ризик. Но мораме, бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Многу чад, тешко е за дишење и многу ризик. Но мораме, бидејќи селото е во прашање.“

И ноќеска битката со пожарите не стивна. Лице в лице со огнот, пожарникари и доброволци од речиси цела Македонија со часови се бореа да го сопрат неговиот налет и да го задржат подалеку од селото Чаниште во прилепско. Густиот чад, силниот ветер и непристапниот терен ја правеа борбата уште потешка. За среќа, нема жртви, а при интервенцијата, повреда на ногата заработил еден багерист.

„Жесткока битка со огнот во непосредна близина на селото Крушевица, но успеавме да го сопреме и од патот да го повлечеме скроз доле. Едниот пинцгауер остана без вода, да не  беа тие ова ќе беше страшна ситуација“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи. 

Реклама

Ситуацијата е лоша но ќе ја ставиме под контрола.  Верувам дека за 2 3 часа“, изјави пожарникар Бранко.

Силниот ветер во текот на ноќта, ја продолжи огнената линија кон селото Крушевица.Од утринава гаснењето продолжи и од земја и од воздух. Прво се фрлаше вода со хеликоптерот на МВР од воздух, а потоа и со трите ер-трактори. Се прават напори за спас и на селото Крушевица.

„Огнот се движи кон Крушевица. Оптимист сум дека линијата ќе ја изгаснеме. Пинцгауерите се поддршка, овој крак верувам дека ќе го изгаснеме“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на главниот штаб за управување со кризи. 

Покрај пожарот кај Чаниште, критично е и во Студеничани и  Македонски Брод. Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 33 се изгаснати.