Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Прилози

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Македонија е безбедна и стабилна држава. Во тоа најголема улога има македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е безбедна и стабилна држава. Во тоа најголема улога има македонската Армија, која одбележува 34 години постоење. Во време на нови безбедносни предизвици, таа го забрзува процесот на модернизација, со нова опрема, нови технологии и засилување на човечкиот потенцијал. Целта е јасна: посилна Армија и посигурна држава.

Војната повторно се врати на европскиот континент, а заканите веќе немаат јасни граници. Се менува начинот на кој се води современото војување. Одбраната, вели претседателката Сиљановска-Давкова, не смее да чека заканата да се случи, туку мора да ја предвидува, да гради капацитети и отпорност.

„Цврсто верувам дека колку е посигурна нашата сопствена одбранбена поставеност, толку е посуштествен нашиот придонес кон заедничката сигурност. Токму за тоа, јакнеењето на сопствените капацитети е и вистинскиот начин на кој ја зацврстуваме својата позиција во Алијансата како сериозна и кредибилна членка на која може да ѝ се верува и врз која може да се потпира.“ – вели Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Македонија.

Реклама

Во моментот, заедно со Генералштабот како највисок стручен орган и со нашите сојузници, работиме на нови стратешки документи кои ќе ни дадат насока за натамошен развој на одбранбените капацитети. Ја модернизираме Армијата и истовремено ги подобруваме условите во кои работат нашите војници.

Над 12 милиони евра се предвидени да бидат инвестирани во инфраструктурата, а досега инвестициите тежат над 3,1 милиони евра.

„Како министер за одбрана имам една цел. Одбраната и Армијата секој изминат ден да бидат посилни, да бидат помотивирани и подобро опремени. Токму затоа наскоро имаме и нов, подобар колективен договор. Ново решение кое ќе биде во прилог на професионалните војници со навршени 45 години, и од оваа говорница сакам да најавам и зголемување на платите и подобри услови за работа.“ – вели Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Македонија не ја гради одбраната сама. Но, колку е посилна домашната Армија, толку е поголема и нејзината тежина во колективната безбедност. А пораката од државниот врв е дека модернизацијата не е луксуз, туку неопходност – за Армија која ќе биде подготвена не само за заканите денес, туку и за оние кои доаѓаат утре.

„Времињата се менуваат, заканите се менуваат, технологијата напредува. Но нашата должност останува иста – да бидеме подготвени, одлучни и посветени, секогаш да стоиме на браникот на државата, секогаш и подготвени на браникот на татковината.“ – вели генерал Сашко Лафчински.

Армијата е столб на стабилност, доверлив партнер на институциите и сила која секогаш е подготвена да служи на народот и на Републиката.