Реклама

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

Прилози

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Македонија за прв пат со сопствен експертски тим изработува нова петгодишна национална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија за прв пат со сопствен експертски тим изработува нова петгодишна национална стратегија за развој на туризмот. Наместо да се тркаме со бројки, стратегијата треба да одговори на клучното прашање: што ја прави Македонија препознатлива на светската туристичка мапа? Одговорот е – силен македонски туристички бренд, кој ќе ги обедини природното и културното наследство.

„Стратегијата треба да ги определи приоритетите. И второ, нашиот концепт во стратегијата е не што имаме, туку што продаваме. Важно е што имате, се развија сите имаат. Ама уште поважно е што продавате, а не продаваат сите. Значи, Македонија треба да се позиционира кон делот на што продава. И тоа е клучот на успехот“, вели проф. д-р Сашо Коруноски, Факултет за туризам Охрид.

Еден од клучните проблеми е сезоналноста. Според првичните анализи, искористеноста на Охрид кога тој е буквално окупиран се сведува на 50-тина дена годишно. Простор за раст има, но тој развој не смее да биде на штета на вредностите. Квалитетите на просторот не смеат да се нарушат.

Реклама

„Дајте да ја збогатиме понудата. И што е многу важно, сега го имам тој извештај на Светска банка, го анализираме сериозно, таму вика, и што се во право, а тоа е едно од мотото на новата стратегија, не е толку важен бројот на туристи, колку тие ќе потрошат. Е тоа е сега она ниво на туризам кое што ние ќе го имаме. Ако тие само протрчаат низ просторот, тие само можат штета да ви направат, а малку корист од сето тоа. Значи, треба да се зголеми потрошувачката. И затоа фокусот ќе биде не број, туку колку повеќе да потрошат туристите“, вели Коруноски.

Стратегијата не се пишува зад затворени врати. Во нејзиното креирање се вклучени експерти, но и туристичкиот сектор и сите други кои директно или индиректно го создаваат туристичкиот производ. Важен момент е да се воспостави баланс меѓу домашни и странски туристи, укажуваат експертите.

Инаку, македонскиот туризам бележи импресивен раст од 40 отсто кај странските гости во споредба со претходната година. Светска банка ја нотира државава како прва земја во Европа по зголемениот процент и по број на гости и остварени ноќевања.