Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

61 годишен пациент е третиот смртен случај од Западно-нилска треска. Тој бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

61 годишен пациент е третиот смртен случај од Западно-нилска треска. Тој бил хоспитализиран како потвреден случај на вирусот,  во тешка состојба и со неколку пропратни болести. Во моментов на инфективната клиника се лекуваат 16 пациети. Шест се во критична состојба и се на респиратор. Скоро сите со потврдена инфекција се хоспитализирани на инфективната клиника, додека само еден се лекува во приватна здравствена установа. До сега се излекувани 15 луѓе.

– За жал во текот на викендов е регистриран и трет смртен исход. Се работи за пациент 61 годишенсо лабараториски потврдена невроинвазивна форма. Возрасната граница се померува, најмладиот пациент е 25 годишен истакна директорот на Клиника за инфективни болести Фадил Цана.

Најмладиот пациент иако е со тешка мозочна инфекција,  сепак е во добра здравствена состојба. Министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека нивото на претапазливост се подигнува и се преземаат дополнителни мерки во координација со сите членови на Комисијата за заразни болести.

Реклама

Тонски- Сашо Клиековски- Министер за здравство

-Дијагностички се подигнати капацитетите максимално. Ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно.  Да потсетам дека два пати, треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата истакна Министерот за здравство Сашо Клековски.

Дополнително,здравствените работници кои можат да дојдат во контакт со пациенти со симптоми на Западен-нил се веќе информирани за препознавање и дијагностицирање на болеста. Тоа се инфективните одделенија, матичните лекари, семејните лекари, како и Клиниката за неврологија и невролозите. Клековски нагласи дека треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на пациентите и местото каде што реално се заразиле со вирусот. Исто така ќе се лоцираат и застоени води при што ќе се врши дезинсекција но и ќе се прави вонредна контрола на слободна живина покрај каналите, посебно на угинати гаврани кои се преносители на вирусот. Поради зголемениот број на заразени со Западно-нилска треска, здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини. Апелираат граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат од комарци. Доколку почувствуваат висока температура, вкочанет врат, главоболка, дезориентираност и омалаксалост веднаш да се јават на матичен лекар. Инкубацијата на вирусот трае од 3 до 14 дена. Освен во Македонија зголемен број случаи на Вест најл вирусот  има во Грција, Италија, Шпанија и Романија.