Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Добрите политики, ниската инфлација и евтините енергенси придонесоа во првите шест месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрите политики, ниската инфлација и евтините енергенси придонесоа во првите шест месеци Македонија да има зголемен извоз, коментираат дел од бизнис-асоцијациите во Македонија.

Тие сметаат дека ваквите политики на долг рок ќе донесат поголеми резултати. Паралелно, покрај политиките за заштита на стандардот со силна поддршка од страна на Владата во производството на храна, ќе се овозможи дополнителен раст на извозот во прехранбениот сектор.

Македонските компании кои произведуваат прехранбена и конзервирана храна имаат капацитет и знаење и велат дека може да станат гранка која ќе има поголем придонес во растот на целокупната економија.

Реклама

„Иако ние сите суровини ги увезуваме, најголем број ги увезуваме, од домашното производство земаме во помали количини, но има основа да барем во прехранбениот сектор Македонија да стане, со добра стратегија и добри партнери, да стане поголем извозник отколку увозник на храна.“, изјави Марко Кутровски, Трет извршен директор, Пекабеско

Домашните компании кои се занимаваат со преработка и производство на храна најголем дел од производите ги извезуваат во регионот, но помал дел извезуваат и во Европската Унија.

„Нашата компанија извезува најголеми количини во Балканот. Имавме некои скромни обиди и во Европа, но концентрацијата останува на Балканот и мораме да се фокусираме, ако сакаме и како индустрија да растеме и како држава да растеме, мораме да се фокусираме на извоз бидејќи само таму може да имаме раст.“, додаде Куртовски

Бизнис-секторот смета дека Македонија има капацитети за поголем извоз на преработена храна и во земјите од Унијата. Има истражувања кои потврдуваат дека самите производители на храна може да воспостават систем од производство до пакување кој ќе донесе поголем приход.

Во Македонија има позитивен пример каде компанија почнала да одгледува говеда за покривање на мал дел од потребите за сопственото производство.

Воедно, Државниот завод за статистика потврди дека во първите шест месеци од годинава извозот изнесува приближно 2,7 милијарди денари денари и бележи пораст од 8% во однос на истиот период од претходната година.