Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Сипаниците кај овците ги уништуваат стадата во Македонија. Досега се угинати 7.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сипаниците кај овците ги уништуваат стадата во Македонија. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци и уништени се 40 до 50 стада. Финансиските загуби се големи. Одгледувачите излегоа пред Владата за итно да побараат поголемо обесштетување поради загубите и вакцини за животните во најбрз можен рок. Алармираат дека состојбата е сериозна и болеста го уништува сточарството во земјава. Бараат надлежните да реагираат и да најдат решение за проблемите, бидејќи  секој ден има појава на нови жаришта. Предупредуваат дека некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик.

„Бараме од Влада во најбрз рок да најдат решение за болеста. Да набават вакцина и таа вакцина да се испита дали е исправна за оваа болест. Досега имаме над 50 жаришта и бараме што побрзо да с еобесштетат тие луѓе“ – вели Насер Џемаили, претседател на Сојузот на одгледувачи на овци.

Надлежните велат дека будно ја следат состојбата и ќе го заштитат сточниот фонд. Некои од сточарите почнаа и приватно да ги вакцинираат овците. Од Агенцијата за храна и ветеринарство изричито забрануваат на своја рака да се вакцинира стоката со вакцини од непознато потекло.  Половина милион вакцини против сипаници кај овците и козите треба да пристигнат од Турција како донација. Тие се очекува да пристигнат деновиве, а дополнителни количества се побарани и од Европската комисија.

Реклама

„Очекуваме 500.000 вакцини да стигнаТ, но првично ќе се водиме од ЕУВЕТ. Тоа е Европска агенција на ветеринарни комори кои се стручњаци, професионалци за да ни кажат што значи тоа. Сточарите без да биде запознаена Агенцијата, ветеринарните станици, друштва, клиники, амбуланти сами на своја рака, без присуство н аветеринарен доктор и без посочените институции вакцинираат. Дел од вакцините кои се несоодветни, имаме добиено позитивни мостри“ – вели Оливер Миланов – Агенција за храна и ветеринарство.

Министерството за земјоделство предупредува дека неконтролираната вакцинација може да го отежне следењето на болеста. Сомнителните случаи на угинување, треба да се пријавуваат во ветеринарните друштва, се земаат крв и брисеви за лабораториско испитување, а ако има потврда, следи евтаназија на животните и нивно закопување. Во Македонија сега има околу 250.000 до 300.000 овци.