Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Нема нови случаи на западнонилска треска во земјава. Од Центарот за јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема нови случаи на западнонилска треска во земјава. Од Центарот за јавно здравје за Алфа потврдија дека денес не се регистрирани новозаболени од овој вирус. Досега во Македонија се потврдени 34 случаи, а починати се двајца пациенти, едниот од Драчево другиот од Маџари .. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, седуммина се со потешка клиничка слика. Состојбата и натаму внимателно се следи, особено во Скопскиот регион, каде што е регистриран најголем број случаи. Надлежните на општините каде е прогласена епидемија се мобилизирани и активно преземаат мерки за сузбивање на комарците и ширење на заразата меѓу жителите.

,,Направивме координативен состанок со сите надлежни институции, тука пред се ќе го споменам Центарот за јавно здравје, со кој што преземавме две акции во изминатите неколку денови, првично беше механичко прскање во сите оние каналски делови што беа посочени како жаришта на комарци, а дополнително во наредниот ден направивме механичко прскање на сите населени места на Општина Гази Баба, со цел да превенираме делување или ширење на оваа зараза кон граѓаните” – изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.


Вирусот за прв пат оваа сезона е детектиран и кај жител од Арачиново. Најмногу случаи бележи Кисела Вода и Аеродром, речиси половина од заболените се од Драчево. Изминативе денови е спроведена вонредна дезинсекција против ларви, а се прска и против комарци. Според епидемиолозите, со уништување на ларвите треба да се почне порано, во март или април, но и да се изврши мониторинг на ефикасноста на препаратите за да се утврди дали комарците станале отпорни на средствата против нив. Поради зголемениот број на заразени со западнонилска треска, здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат од комарци.

Реклама