Македонската економија бележи добри резултати и покрај силната светска економска и енергетска криза. Досегашното менаџирање во државава придонесе инфлацијата за претходниот месец да биде нешто над два проценти, со што Македонија ја сместува меѓу најдобрите европски држави кои се справиле со економските предизвици. Споредбено со кризата од 2022, кога запопчна војната во Украина и оваа сега со војната на Блискиот исток, покажува дека решенијата кои сега се преземаат придонесуваат граѓаните да не почуствуваат толкаво поскапување како пред четири години.
“Во Македонија инфлацијата на годишно ниво цените нсе зголемени за 2,3%,а цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8%. Просекот во ЕУ е 2,9 – 3%, ЕУ е нашиот најголем трговски партнер, а се сеќавата во онаа влада во 2022 на СДСМ и ДУИ кога имавме двоцифрена инфлација која стигаше и до 20 проценти, не убедуваа дека била увезвена, а тогаш просекот во ЕУ беше два пати помал одинфлацијата кај нас, а сега кај нас е два пати помал од просекот во Европа“, изјави Мицкоски
Премиерот Мицкоски вели дека државата се наоѓа меѓу земјите во Европа која најдобро менаџирла со кризата. Тоа го покажуваат споредбените податоци со дел од земјите во поширокиот регион.

„Ако анализираме 12 земји во регионот почнувајќи од Словенија, БИХ, хрватска, Црна Гора, Албанија, Србија, Грција, Турција, Македонија, сите земји анализирајте ги овие двавесеттина, во истиот месец јули 2022 цамо три земји биле позади нас, а во тоа време Турција, Ромаија и Бугарија. Сега сме втори, ако тогаш сме биле девети сега сме втори. Тоа е разликата меѓу оваа и таа Влада. Тогаш во јули месец инфлаицјата би ла 14,7%, сега е 23%. “, дополни Мицкоски
Претходно, податоците од државниот завод за статистика покажаа дека цените во маркетите на храната и пијалоците дури и поефтиниле за над еден процентен поен во месец јули. Од Mинистерството за економија и труд констатираа дека храната поевтинува втор месец по ред. За министерството за финансии, намалувањето на инфлацијата е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Надлежните неколку пати најавија дека доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушување на пазарот, ќе реагираат навремено и ќе ги искористат сите механизми што стојат на располагање за заштита на куповната моќ на граѓаните.

