Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Струшките вечери на поезијата би можеле да го изгубат статусот на самостојна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшките вечери на поезијата би можеле да го изгубат статусот на самостојна национална институција и да бидат сведени на одделение. Предлогот предизвика остри реакции, а од Струшките вечери велат дека го чувствуваат како сериозен удар врз институцијата и врз културата воопшто. За претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која е покровител на манифестацијата, идејата е шокантна – наместо поддршка за една од најпрепознатливите македонски културни институции, се предлага нејзино административно деградирање.

„Да се третираат Струшките вечери на поезијата, институција која што воопшто не е административна институција, синоним за администрација, туку за светска промоција, за една незапирлива мисија на културата. Нешто што не прави посебни, познати, нешто што го промовира идентитетот, нешто што е најважно во културната дипломатија и да се третира како административно прашање, бидејќи идејата е да се сведе на одделение, е навистина шокантно“, вели претседателката на Македонија, Силјановска.

Силјановска-Давкова очекува институцијата да биде дополнително поддржана, со финансиски средства, дигитализација, простор и нови проекти. „Страшно, да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од Министерство за култура, навистина за мене целосно неразбирливо“, вели претседателката на државава.

Реклама

Од Дирекцијата на СВП потенцираат дека предлогот го доживуваат како удар, не само врз институцијата, туку и врз поширокиот културен идентитет.

„До средбата со актуелниот министер за култура Седат Сулејмани, на 10-ти август, никој во Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ не бил запознат или информиран дека Министерството за култура поднело таква информација до Владата со предлог за укинување на институцијата и припојување кон Центарот за култура, во која би продолжила да функционира како одделение (сектор). Претходниот министер Љутков, кој на 24 јуни држеше говор на отворањето на Струшките вечери на поезијата, можеше барем усно да нѐ информира дека е покрената таква иницијатива. Затоа, прашуваме, како без наше знаење, согласност или било какво мислење некој поднел барање до Владата за укинување на институцијата?“, велат од Струшките вечери на поезијата.

Сета среќа е што Владата ја водат одговорни, разумни, совесни и информирани функционери кои го одбиле предложеното од Министерството за култура, покажувајќи и одговорен однос кон клучните институции кои се во темелите на државноста на Македонија, се вели во соопштението од Националната установа „Струшки вечери на поезијата“.