Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Прилози

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Пожарот кој беснееше во текот на ноќта, нешто два часа по полноќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот кој беснееше во текот на ноќта, нешто два часа по полноќ, ги разбуди жителите на Зелениково. За среќа бил навреме забележан, а една од жените која прва го видела, веднаш му јавила на раководителот на главниот штаб за кризи Ангелов и во паника викала дека огнот се приближува кон нејзината куќа, која се наоѓа во последниот ред на ридот над селото.

„Во паника викајќи ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред во село Зелениково. Според паниката во нејзиниот глас знаев дека пријавата е вистинска. Веднаш исклучив и се јавив на дежурниот пожарникар во скопската бригада за противпожарна заштита“, изјави раководителот на главниот штаб за кризи, Стојанче Ангелов.

Во меѓувреме градоначалникот Маневски, не чекајќи некој да го земе противпожарното возило, самиот седнал зад воланот, го стартувал и тргнал на помош кон куќите. Кога стигнал на критичната локација, со доброволните пожарникари и жителите се вклучил во борбата со огнената стихија. Благодарение на брзата реакција пожарот бил запрен пред да стигне до куќите и за среќа, нема човечки жртви ниту материјална штета.

Реклама

Околу два часот по полноќ изби пожар, одма по првиот повик, интервениравме навремено, со возило на општина Зелениково, пристигнавме на лице место. Дополнително ги повикавме и доброволното  противпожарно друштво  Зелениково. Со заеднички сили успеавме да го спречиме пожарот да не се рашири до најблиските куќи“, изјави градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски.

„Притоа градоначалникот е скромен за да не губи време тој лично се качил во камионот односно во противпожарното возило и го донел овде. Градоначалник секоја чест за твојата постапка, бидејќи да не  била твојата брза реакција, мислам дека овде ќе се случила вистинска катастрофа, барем за оние кутри луѓе кои ќе ги изгубеа своите куќи“, изјави раководителот на главниот штаб за кризи, Стојанче Ангелов.

Поради одличната завршена работа доброволните пожарникари од Зелениково ќе станат дел од Огнените тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот над Зелениково е ставен под контрола, но пожарникарите и натаму имаат полни раце работа на повеќе локации низ земјава. Активни пожари има во Студеничани, Македонски Брод, на подрачјето меѓу Велес и Зелениково, кај Јегуновце и Сарај, во Крушево и во Крива Паланка. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување повторно ги предупреди граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат отпушоци или да палат оган на отворен простор.