Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Три нови случаи на западно- нилска треска. Сега вкупниот број на заболени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три нови случаи на западно- нилска треска. Сега вкупниот број на заболени се искачи на 34-ца, повтрдија за Алфа од Центарот за јавно здравје. Досега од вирусот кој може да предизвика воспаление на мозокот кај хронично болните, починаа двајца пациенти, едниот на возраст од 72, другиот на 83 години. Најмногу заразени има во Драчево, па Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода вчеравечер организираше трета вонредна акција за прскање против комарци. Иако Драчево е една од општините каде е прогласена епидемија, жителите се со поделени мислења:  дел од нив сметаат дека комарците ништо не им можат и не и придаваат особено значење на заштитата, додека дел се крајно внимателни.

Заштитата не завршува со вонредната интервенција на надлежните. Дел од граѓаните ги следат и препораките на Институтот за јавно здравје и користат средства против комарци, носат облека на долги ракави и избегнуваат да се движат навечер, во периодите кога комарците се најактивни.

Западнонилска треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, а кај останатите, типични симптоми се покачена телесна температура, главоболка, замор, болки во мускулите и зглобовите, гадење и осип, при што се препорачува посета на лекар, особено ако граѓаните патувале во подрачја каде се регистрирани денга, зика, маларија и западнонилска треска.

Реклама