Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Водата во Гостивар е безбедна за пиење. По пет недели неизвесност, страв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата во Гостивар е безбедна за пиење. По пет недели неизвесност, страв и купување флаширана вода, конечно стигна веста што ја чекаа илјадници гостиварци – забраната за пиење на водата е укината. Анализите од седум мерни места покажале дека физичките, хемиските и микробиолошките параметри се во законски дозволените граници.

„ Водата беше микробиолошки исправна уште од крајот на минатата недела, но при извршените испитувања беше утврдено зголемено количество на резидуален хлор. Станува збор за процес на дезинфекција на водата и поради измерените вредности беше потребно да се превземат дополнителни мерки и беше потребно да се причека со препораките за пиење на водата.“– вели Оливер Миланов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дека водата е безбедна, членовите на кризниот штаб не сакаа само да кажат, туку сакаа и да покажат. Излегоа пред камерите и беа меѓу првите кои се напија вода од градските чешми.

Реклама

На гостиварци им олесни што слушаат дека состојбата е нормализирана. Граѓаните сепак стравуваат за своето здравје. Велат дека по се што се случуваше, ќе им треба време време за повторно без сомнежи да ја наполнат чашата од чешма.

„Се плашиме да пиеме пак, страв ни е за здравјето. Се снаоѓавме полневме вода. Ќе пиеме ако е безбедна.“- велат граѓаните.

Надлежните препорачуваат граѓаните пред повторно да ја користат водата за пиење, да ги истечат чешмите. Порачаа во иднина да се работи домаќински и одговорно при управувањето со водовото, а истрагата да ги лоцира и казни виновниците за хаваријата..

Во меѓувреме, контролите продолжуваат. Примероци од водата ќе се земаат три пати неделно, со цел состојбата да се следи континуирано.

„На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење да ја остават да истече од чешмата неколку секунди особено доколку водата подолго време не била пуштена од чешмата. Се апелира рационално и одговорно да ја користат водата особено во период на зголемена потрошувачка.“- вели Миланов.

Инаку, забраната за користење на водата од водоснабдителните системи во Гостивар беше донесена на 17 јули, откако беше утврдена фекална загаденост и зголемено присуство на хлор. Последиците ги почувствуваа околу 5.000 жители, кои пријавуваа здравствени проблеми.