Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Македонија индивидуално ќе го решава проблемот со превозниците и нивниот престој во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија индивидуално ќе го решава проблемот со превозниците и нивниот престој во Шенген зоната, рече Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, колективизмот нема да го реши проблемот. Тој смета дека превозниците се под притисок од една соседна земја која има проблем да го реши проблемот со нивните возачи.

„Нека си го решаваат тие тоа прашање како што мислат дека треба. Ние имаме индивидуален пристап, онака како што ние мислиме дека е најдобро. Ние сме суверена земја. Знаете дека имаа долго време обид целиот регион да биде претставен како едно, како Западен Балкан. Јас со тоа не се сложувам. Не смееме да паднеме во замката на колективизација. За некоја недела славиме 35 години независност и враќање назад би била најлошата работа што може да ни се случи“ – рече Николоски.

Николоски вели дека има редовни средби со презвозниците. Владата им ја дава целосната поддршка, за што се превземаат и реални чекори за надминување на проблемот.

Реклама

„Со оглед на тоа што не сме членка на Шенген- зоната, она што можеме како Влада да го направиме е да склучуваме билатерални договори со земјите коишто се дел од Шенген-зоната. Такви договори веќе има со Хрватска, Швајцарија и Романија. Интензивно работиме со Австрија, Германија, Унгарија и на тој начин ќе бидат покриени земјите каде што најмногу извезуваме или транзитираме. Очекувам во октомври да почнат преговорите со Словенија и така да ја покриеме целата рута. Тоа е нашата поддршка, за сè друго ЕУ треба да најде решение“ – рече Николоски.

Македонските превозници ги поздравија напорите на Владата за надминување на проблемот и изнаоѓањето на решение. Но, сепак тие и стравуваат од несакани последици доколку Брисел не ја донесе одлуката за промена на начинот на пресметка на престојот во Шенген зоната. Инсистираат дека до 1 спетември мора да се дојде до решение. Во спротивно најавија протести.